Реклама
Престиж

Нешто неодоливо: новата VW Буба – кабриолет

Реклама

Се спрема ’лансирањето‘ на новата Volkswagen Beetle Cabriolet или Буба Кабриолет по нашки, за претстојниот саем за автомобили во Los Angeles.

Маркетинг

Одговорните за маркетинг во најмасовната германска фирма за автомобили, Volkswagen, му ги открија на светот најновите фотографии од претстојниот модел на познатата Буба, која ќе биде комплетно обелоденета на идниот саем за автомобили во Los Angeles, следниот месец.

Како и претходникот, така и оваа Буба користи мек подвижен покрив, кој може комплетно да се повлече за десет секунди.

alt

Маркетинг

Од друга страна пак, исто како и стандардниот модел со тврд покрив, на пазарот ќе биде понудена цела лепеза од разни видови и нивоа на моќност на моторот. Основната од 103 КС, со 1.2 TSI мотор, потоа модел од 158 коња со 1.4 TSI мотор, како и најжешкиот од сите со моќност од 197 КС, 2.0 TSI мотор. Исто така и обата 1.6 и 2.0 литарски дизел машини ќе се најдат на тезгите ширум светот.

Мислиме дека нема потреба да додаваме и некои други атрибути и описи за колата со која што било што и да направите, нема да погрешите. Едноставно станува збор за über класика, од која ќе доживеете еден куп моменти на задоволство, а секако и вниманието и кај спротивниот пол (ова воопшто не е хомофобична изјава, напротив…) нема да остане ладно.

alt

Затоа за сите оние кои размислуваат каква кола да купат во наредниот период, нека почекаат до 28 Ноември кога и официјално ќе биде промовирана новата Cabrio Beetle, а продажбата ќе и стартува веднаш на почетокот од наредната година.

alt 

alt 

alt 

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button