Неодоливи и шик сандали што ќе ги носиме оваа пролет
Оваа сезона во мода се сандали зачинети со реси, светки, врвки …

Секогаш кога имаме преголем избор, навистина е тешко да ги издвоиме фаворитите, но ако судиме според коментарите и модниот збор на познатите трендсетерки едни сандали се издвојуваат од другите. Станува збор за моделот од „Aquazzura“ направени од бела кожа и зачинети со шарени пом-пом топчиња.

Покрај овој шик модел на кој ретко која дама би можела да му одолее, во мода се и моделите од познатите дизајнерски куќи Gianvito Rossi, Chloé и Isabel Marant кои се зачинети со реси во различни форми и кои ни доаѓаат во малку поинакво издание, но повторно секси, шик, софистицирано и неодоливо.
Овие сандали ќе бидат вистински хит во новата пролетна сезона »

Sophia Webster
Не смееме да ги заборавиме и жолтите сандали од Стујарт Вајцман за кои веќе ви пишувавме (види тука), но и на прекрасните модели на дизајнерката Софија Вебстер која и е омилена на Кендал Џенер. Софија стана позната по нејзините сандали во силни бои, како и по необичните украси како што се крилја и срциња, а за оваа пролет апсолутен хит за сексапилниот модел „Delphine“ зачинет со кожени врвки.
Овие сандали ќе бидат хит оваа пролет – еве како ги носат најпознатите трендсетерки »

Aquazzura

Chloé

Gianvito Rossi

Isabel Marant
Кликнете тука или отворете ја галеријата во продолжение и погледнете ги 50-те најубави обувки за пролет-лето 2016
| види повеќе » |




