Неодолива глетка од домот на Мики Секуловски – овие прегратки и бакнежи цел живот ќе ги памети
Ова е момент што го исполнува како ништо друго
![](/wp-content/uploads/2025/02/miki-1-780x470.jpg)
Пејачот ужива во неговите прегратки
Пејачот Мики Секуловски е во центарот на вниманието по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои високото второ место.
Тој по завршувањето на ова познато шоу повторно ѝ се посвети на својата музичка кариера, а во изминатиов период речиси постојано настапува. И каде и да се појави со својата екипа, забавата е загарантирана, а по финалето во „Ѕвездите на Гранд“ стана и дел од тимот на неговата менторка.
Па така Мики во изминатиов период настапуваше како придружен вокал и на концертите на Цеца Ражнатовиќ, а со неа настапи и за Нова година, кога балканската фолк дива имаше концерт во Херцег Нови.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мики е поприлично активен и на социјалните мрежи, каде речиси секојдневно споделува фотографии и снимки од своите настапи.
Но пејачот понекогаш знае на овој начин да открие и по некој детаљ од својот приватен живот, па тоа го направи и сега.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Имено, Мики покажа колку е среќен и исполнет кога е со своите најблиски, но и дека улогата на чичко посебно му годи.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тој сподели дел од атмосферата од неговата дружба со внучето, на овој начин честитајќи му го првиот роденден.
Фотографијата што ја сподели никого не остави рамнодушен, а Мики покажа дека и во една ваква улога одлично се снаоѓа.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики пред да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“ неколку години живееше со неговите во Белгија.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Но по смртта на татко му тој решава да се врати во Македонија, а во популарното шоу се пријавува благодарение на мајка му.
Повеќе за овие детали од неговиот живот прочитајте тука.