Неодамна наполни 65 години, а на плажа блеска – Јулија Мациевска ги изненади сите со овие фотографии
Познатата водителка се опушти на летувањето

Најпрво ја откри дестинацијата, а сега покажа и како ужива
Нашaта позната водителка и пејачка Јулија Мациевска го покажа својот убав тен, но и како ужива во сончевото време.
Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и снимки од кои може да видиме како го минува својот годишен одмор.
Фејсбук/ Јулија Мациевска
Таа најпрво го сними хотелот во кој е сместена во Албанија, а потоа и неколку фотографии направени на плажа.
Жешко лето, но кога сте на море не е тешко. Уживам и во сонцето и во морето“ ги опиша своите емоции Јулија под фотографиите.
Фејсбук/ Јулија Мациевска
Евидентно е дека никогаш не изгледала подобро, но и дека оваа локација ги буди убавите чувства во неа.
Таа доби бројни пофалби за својот изглед, но и за нејзината препознатлива насмевка со која зрачи како и секогаш.
Фејсбук/ Јулија Мациевска
Јулија сподели и неколку фотки од прошетката низ Драч, а како изгледаше и во ова опуштено летно издание, но и како ова наша позната убавица си ги полни батериите, погледнете во продолжение.
Потсетуваме, Јулија е позната македонска пејачка на народни песни, но сите ја знаат и како водителка на „Будење со Јулија“.
Фејсбук/ Јулија Мациевска
Таа пред неколку месеци наполни 65 години, но и денес плени со својата харизма и позитивна енергија.
Впрочем за тоа зборуваат и овие нејзини летни изданија на кои Јулија изгледа минимум 20-на години помладо.
Фејсбук/ Јулија Мациевска
И токму затоа многумина коментираат под секоја објава, па Јулија добива бројни комплименти на сметка на својот изглед.
Фејсбук/ Јулија Мациевска
Веруваме дека и таа ужива во заслужениот одмор, но и дека оние што ја следат уживаат што ја гледаат во вакво издание.
А како Јулија и во седмата деценија ја одржува својата линија и која е тајната на нејзиниот изглед, откријте тука.