Неколку дена откако се породи Клои Кардашијан го откри на нејзиниот профил на Инстаграм и на официјалниот сајт името на нејзината ќерка.
Таа ја нарече Тру (вистина), а според информациите, бебето кога се родило било 53 сантиметри и тешко 2.7 килограми. „Нашето мало девојче Тру Томпсон ни ги украде срцата и не облеа со чувство на љубов. Благословена сум што можам да му посакам добредојде во семејството на овој ангел. Мама и тато те сакаат, Тру“, напиша ТВ ѕвездата на Инстаграм
https://www.instagram.com/p/BhpIjDIhHLC/?utm_source=ig_embed
Инаку кошаркарот Тристан Томпсон покрај ќерката со Клои има и 16 месечен син Принц Оливер од претходната врска. За него овие денови и тоа во моментиве додека Клои се пораѓаше на интернет почна да кружи видео на кое се бакнува со друга девојка, поради што беше осуден од јавноста.