Наши ѕвезди

Необична снимка од семејната куќа на Кире Науновски – победникот вака го пречекаа во неговиот дом

Не сте го виделе во вакво издание

Advertisement

Најубаво му е кога е со децата

Изминативе денови беа возбудливи за пејачите од Македонија кои се натпреваруваа во популарните шоуа на „Гранд“.

Advertisement

Во саботата победи Никола Станишиќ во „Ѕвездите на Гранд“, а една недела претходно триумфираше и Кире Науновски од Свети Николе, кој победи во шоуто за ветерани, „Никогаш не е доцна“.

Фејсбук/ Кире Науновски

Кире беше еден од тројцата победници, а победата ја освои благодарение на бројните Фејсбук гасови што ги доби.

Advertisement

Ова секако немаше да се случи без гласовите на публиката од Македонија, па Кире веднаш по победата им се заблагодари на сите.

Фејсбук/ Кире Науновски

Тој не криеше дека беше во шок кога го прогласија за победник, а сподели и една семејна фотографија и напиша:

„Најголемата награда е овде!!! Срце и душа полни! Да сте ми живи и здрави!“, напиша Кире полн со емоции.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Пејачот неколку дена по победата сподели и една снимка од својот дом, а на која се гледа како неговиот помал син извикува: „Ѕвездичка, ѕвездичка, ѕвездика“, алудирајќи на победата на неговиот татко. Малиот тоа го правеше со победничката статуетка во рацете, а Кире на самата сминка, шегувајќи се на своја сметка, напиша:

„По туѓ грб 100 стапа не болат. Почна да ме за*ба*а Милн“, напиша во шега Кире на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Кире Науновски

Кире и со ова видео ги воодушеви сите, а за Гранд откри и што значат за него овие моменти поминати со најблиските.

Понеделник, вторник и среда ми се денов за одмор. Така е кај мене цел живот. Така уживам по цел ден, претежно сум дома со децата. Мислам дека така поминато време нема цена. Всушност, во главно сум половина недела слободен. Работам петок, сабота и недела, останатиот период сум дома. И тоа ми е супер и преубаво. Слободно време имам колку сакам“ изјави Кире по победата за Гранд.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Тој исто така откри дека најмногу настапува во еден ресторан во Дојран и дека Дојранското Eзеро за него е нешто посебно.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Инаку, Кире со музика се занимава од свои 16 години, така што зад себе веќе има тридецениско музичко искуство.

Но победата во „Никогаш не е доцна“ секако му отвора нови врати, а како изгледаше моментот што му го промени животот, како на Кире така и на останатите двајца победници, погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button