Реклама
MAMAРецепти

Рецепт: Слатка баница со павлака

Реклама

Разуабвете си го утрото со оваа вкусна баница.

Потребни состојки:

  • 1/2 килограм тенки кори
  • 3 јајца
  • 2 кисели павлаки
  • Малку сол
  • Масло
  • Малку прашок за пециво
  • 100 милилитри млеко

Начин на подготовка: Изматете ги јајцата, додајте павлака, малку сол, млеко, малку масло, малку прашок за пециво и сите добро измешајте ги. На дното од плехот ставете ја првата кора, на слледната ставете ѝ фил и така редете ги додека не се истрошат состојките. Оставете една последна кора и прекријте ги сите, малку премачкајте со масло и ставете ја баницата да се пече на 200 степени целзиусови, околу 30 минути, убаво да зарумени. Сечете ја и служете ја топла со јогурт или кисело млеко.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button