„Немој да тешиш, немој да зборуваш…“ – Маја Улк открива која е најважната вештина за да се помогне на човек што се соочува со болка
„Секој од нас некогаш се соочил со некаква болка, таа е дел од нашето животно патување, но има голема разлика дали низ неа ќе поминеме сами или ќе може да се потпреме на некој што може да ни пружи подршка, да не слуша и разбире и да ни помогне со својата енергија, љубов и емпатија полесно и побезбедно да поминеме низ својата болка“.

Нашата позната холистичка терапевтка, Маја Улк, по професија дипломиран физиотерапевт, со работно искуство од речиси четири децении, во својот живот била сведок на трагични настани, на несреќи, а како физиотерапевт секогаш била во контакт со луѓе што се бореле за најскапоценото нешто – за своето здравје.

„Работев со луѓе кои настрадале во пожари, војни, автомобилски несреќи, падови од височина и секојдневно се соочував со нивната траума, болка, со нивниот губиток, со болката на нивното семејство.
Рехабилитацијата е процес што долго трае, некогаш и цел живот, и додека им помагаш на луѓето да ја вратат својата подвижност, да оздрават, да го вратат својот живот се зближуваш со нив и со нивното семејство“ – вели Маја.

Таа објаснува дека се создава длабока врска со меѓусебна доверба во која се покажува ранливоста и се споделува болката, стравовите, тагата.
Денес после завршени многу едукации, кога секојдневно работи со клиентите на трансформација на болката, на стравот, на расветлување на сенката, Маја Улк го знае, како што вели, тоа што не сум го знаела тогаш, дека ја имам најважната вештина.
А која е најважната вештина?
Маја ја споделува со сите нас- како да се однесуваме, односно како да му помогнеме на човек што се соочува со болка.
Најважната вештина е да можеш да слушаш!
Марpкетинг
„Слушај активно, со разбирање, биди таа карпа, биди таа безбедна зона за тој човек во тој момент.
Немој да тешиш, немој да зборуваш, немој да прашуваш што и како се случило, само биди тука и слушај.
Се што и треба на таа личност во тој момент е да бидеш тука за неа, а тоа значи да слушаш и да ја прашаш што и треба“ – објаснува Маја и додава:
„Секој од нас некогаш се соочил со некаква болка, таа е дел од нашето животно патување, но има голема разлика дали низ неа ќе поминеме сами или ќе може да се потпреме на некој што може да ни пружи подршка, да не слуша и разбире и да ни помогне со својата енергија, љубов и емпатија полесно и побезбедно да поминеме низ својата болка“.