Бунтовните деца подобро поминуваат во животот. Иако желбата на родителите е децата да им бидат совршени, мирни и послушни во секој момент, психолозите нагласуваат дека тоа не влијае добро на развојот на детето. Еве зошто независните деца подобро поминуваат во животот.
Независни се и не се плашат тоа да го кажат јавно
Секое дете има своја личност и начин на интеракција со околината. Доколку родителите се обидуваат децата да ги стават во некоја рамка и да им наметнат модел на однесување, децата може да имаат проблем со самоизразувањето.
Стекнуваат побогато знаење
Децата ги користат своите сетила за да комуницираат со светот. Оние кои не мируваат ја покажуваат својата љубопитност и никако не би смееле да ги запрете. Кога родителите го присилуваат детето да биде апсолутно мирно, тоа губи желба за истражување нови работи. Немирните деца израснуваат во успешни луѓе.
Полесно ги покажуваат и разбираат емоциите
Немирните деца стануваат многу емотивно стабилни личности кои ги препознаваат и ги почитуваат туѓите еоции. Како возрасни личности нема да им биде проблем да ги изразат сите свои чувства.
Не ги интересира туѓото мислење
Кога ќе пораснат, немирните деца не бараат ничие одобрение. Знаат што е добро за нив и без страв го следат својот пат. Доколку не успеат, тоа нема да ги обесхрабри. Знаат дека не постои ситуација која не може да се реши. Разбираат дека единствено е важно нивното мислење.
Стануваат покреативни личности
Немирните деца имаат неограничена имагинација и сакаат да ги испробат сите идеи кои ќе им паднат на памат. Како возрасни, тие деца покажуваат покреативен пристап во сите сфери во животот и знаат дека во секоја ситуација постојат две страни.
Стануваат личности кои се свесни за своите квалитети
Знаат дека заслужуваат да бидат сакани безусловно и дека нема потреба секогаш убаво да се однесуваат за да стекнат љубов.