Сведоци сме дека во разговори со пријателите, познаници и воопшто луѓето од различни возрасти, често можеме да слушнеме дека не е време за животно осигурување, а дали навистина е така…
Нема време за чекање!
ЖИВОТНО осигурување, ако го немате, не е нешто што можете да го добиете кога навистина ќе ви затреба. Токму тогаш кога ви треба , веќе е касно да го направите…
Дали времето е секогаш на наша страна?
Економската ситуација не доведе во ситуација да почнавме да гледаме на ЖИВОТНОТО осигурување како на луксуз, а не на потреба. А факт е дека нашето семејство не е соодветно заштитено без полиса за животно осигурување. Дали навистина тоа е луксуз? Ќе се сложите дека секако не е…
Кога луѓето разговараат за животно осигурување, се чини како сеуште да постои недоволно разбирање и познавање на неговата суштината и значењето. Што тоа претставува, кој може да се осигура и во кое време? Одговорите на тие прашања можат да ви помогнат да ги утврдите вашите приоритети.
Чести заблуди со кои луѓето се водат при донесувањето на одлуките околу потребата за животно осигурување, помеѓу останатото се и следните:
Нема причина да се купи ЖИВОТНО осигурување кога си млад. Дали е така?
Вистината е дека постојат многу причини поради кои би можеле да направите договор за животно осигурување во помлади години. Размислете… кога ќе остарите ќе ви треба поприлично многу пари, затоа што од пензија едноставно не ќе можете да живеете.
Со склучување на полисата додека сте млад, ви овозможува долгорочна инвестиција и вистинско решение за финансиска сигурност на вашето семејство, ако на вас нешто ви се случи. Дополнително, не треба да заборавите дека можете да го осигурате вашето здравје само додека сте здрави…
Животното осигурување е скапо. Дали е така?
Постојат разни опции на животно осигурување кои ви овозможуваат со минимална месечна или годишна сума да имате соодветна заштита, тогаш кога тоа ви е најпотребно. Одберете ја онаа опција со која можете да се вклопите во вашите финансиски можности …
Вистината е дека на повеќето луѓе им треба животно осигурување, а тоа е многу поприступачно и полесно да се добие отколку што повеќето мислат.
Немојте да одолговлекувате!
Времето нека работи за вас… Заштитете го она што е најважно. Заштитете го својот живот!
За дополнителни информации во оваа проблематика како и одговори на ваши прашања, можете да се обратите до:
Јасминка Стојановска
Лиценциран застапник за Осигурување
Тел: 076/ 317-930
Mail: all_insurance@t.mk