Има ли нешто поубаво од сочна, свежа лубеница во топол летен ден? А за да изберете совршено свежо овошје ќе ви послужат овие четири совети. 100% нема да погрешите!
Иако од надвор изгледа одлично, се случува внатрешноста на лубеницата да разочара. Со овие трикови веќе нема!
Лубеницата пресечена на половина, која служи како пример во продавниците, никогаш не треба да биде единствен критериум за купување лубеница. Имено, неупатеноста во основните карактеристики на свежа и зрела лубеница неретко завршува со разочарување откако ќе се вратиме дома и ќе ја вкусиме. Но, со неколку правила лесно меѓу толпата зелени лубеници ќе ја пронајдете онаа сочна и блага:
1. Шарите на лубеницата ја откриваат нејзината возраст, па секогаш бирајте ја онаа со посветли шари, бидејќи тие се позрели и со самото тоа повкусни и посочни. Освен тоа, страната на која лубеницат лежела на земја треба да биде жолта, а белата или светло зелената боја се знаци на недоволно зрел плод.
2. Обрнете внимание на тежината на лубеници. Доколку за големината е неочекувано лесна, значи дека содржината е сува и нема доволно сок. Значи, бирајте потешка лубеници во однос на нејзината големина.
3. Доколку лубеницата има петелка и таа може да биде мерка на свежината. Имено, извртената петелка е знак за зрела и свежа содржинина.
4. Звукот на сочната лубеница треба да одѕвонува, а не да биде тап. Затоа, земете ја во вашите раце и со прсти чукнете по неа од сите страни. Ако звукот е тап, не ја купувајте.