Бизнис

Нема повеќе бесплатни ќесиња во пилјарите на еден од ОМИЛЕНИТЕ МАРКЕТИ на многу Македонци

„Наскоро ќе ни наплаќаат и кога ќе влегуваме во продавниците“ – се жалат потрошувачите

Advertisement

Нов трошок за корисниците на Лидл

Иако станува збор за симболична такса, реакциите околу ова ново правило што го воведува Лидл се поделени на социјалните мрежи.

Advertisement

Имено, еден вработен во овој супермаркет во Германија на својот профил на ТикТок објави видео во кое вели:

И тоа се случи – отсега пластичните кеси за зеленчук и овошје ќе чинат по 1 цент во Лидл, откри тој на својот профил Der Filialleiter на ТикТок.

Advertisement
Принтскрин/ Јутуб

Ова видео веднаш привлече внимание, а промената што овој познат супермаркет ја направи ги изненади своите потрошувачи.

Имено, некои клиенти откако Лидл почна да ја наплаќа услугата што досега беше бесплатна, се незадоволни што ќе имаат нова ставка во нивните сметки. Тие поприлично бурно реагираа на социјалните мрежи што може да се забележи и од нивните коментари.

Станува збор за нова такса со која сите што купуваат овошје и зеленчук на вага во Лидл и ги пакуваат во пластични кеси што ги има во маркетот, отсега ќе плаќаат дополнителен цент за секоја кеса.

Принтскрин/ Јутуб

Оваа мерка претходно ја воведе и Кауфланд, па и тогаш некои клиенти беа незадоволни реагираа бурно на социјалните мрежи.

Некои од нив веднаш најдоа начин да избегнат плаќање. Па така еден корисник со име и презиме кое укажува дека потекнува од Балканот, на TikTok го напиша следново:

„Ќе ги земам само хартиените кеси од пекарскиот оддел“, вели тој во коментарите.

Слични коментари беа дадени од други корисници:

„1 цент за пластика? Без мене!”

„Наскоро ќе ни бараат да платиме и билет до продавницата“, пишуваат корисниците.

Сепак, има и такви кои ја поддржуваат оваа одлука на Лидл, а има и експерти од областа за заштита на околината кои ја критизираат истата, наведувајќи дека овие мали пластични кеси се најмалиот проблем во споредба со амбалажата на некои производи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button