Реклама
БлогНаши ѕвезди

Нема пари, нема резултати – Мери Попова, шефицата на нашата евровизиска делегација повторно се правда за неуспехот

Реклама

Време е некој да поднесе одговорност за повторниот неуспех на нашите претставници на Евровизија

Македонија по шести пат не успеа да влезе (барем) во финалето на Евровизија, а на социјалните мрежи се разви жестока дискусија во која се бара одговорност за лошиот пласман на нашите претставници. Во последните неколку години имаме добри песни, но проблемот е во сценскиот настап, како од аспект на визуелниот перформанс, така и од вокалните способности на зиведувачите кои најверојатно поради трема, и во недостаток на искуство, ќе ја испеат песната многу послабо отколку на студиската снимка. Тоа може да се прочита и од социјалните мрежи каде од целиот свет пристигаат критики дека песната била одлична, но во живо воопшто не звучеле како на снимената верзија.

Маркетинг

Шефицата на нашата делегација, Мери Попова, која и минатата година се најде на удар на критиката од страна на јавноста, за македонската телевизија изјави дека главниот проблем е во буџетот. Имено, според неа, не можеме да очекуваме спектакуларни резултати во услови кога севкупниот евровизиски проект на Македонија чини помалку дури и од употребените пиротехнички ефекти на некои земји учеснички (притоа не откривајќи колку пари оваа година се потрошени за Евровизија). Од друга страна пак, според многумина ова воопшто не држи вода а за тоа одличен пример се претставниците од Албанија чиј настап воопшто не беше спектакуларен, но обезбеди место во финалето.

Маркетинг

 

Како и да е, факт е дека Македонија веќе неколку години по ред има одлична песна, но и покрај тоа не успева да влезе во финалето. Факт е и тоа дека нашата делегација на чело со Попова веќе неколку години доживува неуспех, но досега никој не преземал одговорност и покрај тоа што јавноста минатата година жестоко ја критикуваше и вината ја лоцираше токму во нејзиниот тим. Токму затоа сметаме дека е крајно време некој да поднесе одговорност за неуспехот, но и да се направат промени во нашата делегација бидејќи навистина би било лудо доколку и следната година повторно очекуваме да влеземе во финалето со истите луѓе зад сцената. Едноставно, тимот што победува не се менува, но тимот што губи под итно треба да најде нови, подобри играчи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button