Реклама
Интервју

Нема ништо полошо од пијан и напорен човек – искрено со Ивана Наскова

Писател сум, така да не бива писател без црвено вино, вели нашата соговорничка.

Реклама

Водителка, писателка, стендап комичарка, прекрасната и харизматична Ивана Наскова е секогаш прекрасно друштво за муабетење.

Овојпат сакавме малку повеќе да ја запознаеме страната на Ивана во кујната. Што мислте дали има кулинарски спосбности? Не интерсираше и што не јаде и кој е најубавиот рецепт што го пробала.

Креативна, инспиративна, полна со хумор и низ ова интервју убавата Ивана не насмеа и расположи.

Маркетинг

Ја поканивме да биде дел од нашата рубрика -ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА. Еве ги во продолжение сите врски на Ивана со храната.

Маркетинг

Дали сакате да готвите?

Мотивацијата за готвење ми доаѓа само кога имам драги луѓе на гости, тогаш не ми е никаков проблем да влезам во кујна и да се погрижам на трпезата да има нешто вкусно. Додека во останатото време од причина што не сум некој гурман и уживам во салати, за себе кога готвам, тоа не е воопшто нешто комплицирано и не ми одзема многу време.

Што најдобро знаете да зготвите? Дали сте брзи или бавни во кујната?

Да не излезе дека сама се фалам, горе долу знам да зготвам се (не кажувајте на никој, се правам дека не знам ништо, хахаха) По природа не сум перфекционист така да мојот стил на готвење е брзо и ефикасно. (се смее)

Кој е најкомплицираниот рецепт што знаете да го направите?

Мекиците на мајка ми (хахаха) Мајка ми е експерт за правење мекици така да се трудам еден ден и моите мекици да бидат така лесни и вкусни како нејзините.

 Кое ви е омилено јадење?

Дефинитивно салати, суши и морско. Најдоброто од се е што оваа кујна ја научив и сама можам да си направам се.

 

Што преферирате повеќе благо или солено?

Солено! Без благо можам да живеам со месеци ама без пржени компирчиња малку потешко. (се смее)

Има ли нешто што не јадете?

Никогаш не се научив да јадам џигер иако затоа што сум слабокрвна сто пати ми е речено дека тоа е нешто кое треба да се научам да го јадам. Како и да е јас не сум обожавтел на месо и свесно го избегнувам, така да не сум човек кој ќе одбере бифтек, ребро, плескавица или нешто слично.

Кое е најубавото нешто што сте го пробале од храна?

Карпачо од туна во Хрватска, кога прв пат бев на брод да ловиме туна. Сушито во Sunset Grill & Bar, Истанбул за една Нова Година и Deep Dish пица за цело време deep dish додека бев во Чикаго. Во Македонија, домашната пица на мајка ми секојпат кога си одам во Свети Николе.

На кој начин најчесто ги откривате рецептите? Дали сакате да експериментирате во кујната или се држите за традиционалната кујна?

Секогаш сум да пробам нешто ново и да мешам вкусови, така да сакам да експериментирам во кујна и да мешам работи што може и немаат многу логика заедно, ама на крај излегуваат превкусно!

Дали во Македонија има добра храна? Кој е најдобриот македонски специјалитет?

Ние ја имаме најдобрата храна! Се од македонската кујна ми е превкусно и се гордеам со нашите специјалитети. Ја користам секоја можна прилика на моите гости да им покажам како се јаде кај нас. Задолжителни се тавче-гравче, сарма и пинџур!

Дали знаете да се опуштите со нездрава храна? Што јадете од „забранетото“?

Нездравата храна ја избегнувам затоа што навистина ми смета, а сакам да се чувствувам најдобро што можам. Може не можеме да контролираме многу работи во животот, но тоа како изгледаме и се чувстуваме во нашето тело е во наша контрола. Но дефинитивно не велам не на пица и пржени компиричиња. (се смее)

Има ли нешто што никогаш не сте го пробале од храна, а сакате да го пробате?

Имав среќа засега да пробам многу од странската кујна и скоро сите желби кога станува збор за храна ми се задоволени. Така да овде ќе бидам скромна и ќе кажам не, нема.

Дали консумирате алкохол?

Хахах, ова е трик прашање нели? (се смее) Да консумирам алкохол, но сум човек кој точно знае колку ми е мерката и кој алкохол како ми влијае. Нема ништо полошо од пијан и напорен човек, без разлика дали е машко или женско. Така да ако не ви годи пиењето, немојте да пиете и онака водата е скапа скоро како чаша алкохол па не треба да ви е незгодно во бар да си порачате шише вода. (се смее)

Кој ви е омилен пијалак?

Писател сум, така да не бива писател без црвено вино. Тоа ми е засекогаш омилениот пијалок од алкохол.

Што би одбрале: ручек со пикник, ручек во елитен ресторан или нешто трето?

Ручек со пикник дефинитивно! Има нешто посебно кога ќе јадете вкусна храна во природа, а и романтично е!

 

 

РЕЦЕПТ НА ИВАНА НАСКОВА -Ракчиња со рижото

Најпрвин во путер и зејтин запржете го кромидот додека не се карамелизира, додадете ги исчистените ракчиња, свеж магдонос, бело вино и лимон. Сето тоа на тивок оган се готви околу 30тина минути. Преферирам инстант ориз во кесичка кој се вари за 15 минути и сето тоа го сервирате со ракчињата и сосот во кој се пржеа.

На здравје!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button