Нема ништо повкусно од домашен локум, онака како што го подготвувале нашите прарабаби и нивните предци, со векови наназад.
Евтин, со само неколку намирници, се подготвува брзо, а кој би можел да одолее на вкусот! Секое залченце буквално се топи во уста – го сакааат и најмалите дечиња, а возрасните буквално уживаат во него со шолја турско кафе.

Потребни состојки:
– 380 мл вода;
– 300 г шеќер;
– 250 мл сок од портокал;
– 140 г скроб (нишесте – што се додава во мешавината на почеток);
– 3 лажици сок од лимон, за нанесување одозгора;
– 3 лажици скроб (за валкање на коцките на крајот);
– 1 лажица шеќер.
Подготовка:
Измешајте ја водата, сокот од портокал и шеќерот, па додадете го скробот (нишесте).
Сите состојки ставете ги во тенџере на оган и постојано мешајте додека смесата не згусне и добие текстура како пудинг.
Потоа тргнете ја смесата од оган и додадете 3 лажици сок од лимон, па добро измешајте.
Истурете ја во тава отпорна на топлина и оставете да се излади.
Откако ќе се излади, исечете ја на коцки и секоја коцка истркалајте ја во мешавина од скроб и шеќер.
Уживајте!