Бизнис

Нема месо за нас сиромашните, пипер и патлиџани јадеме! Граѓаните се жалат од цените во маркетите (видео)

Одговорот на оваа жена ја отсликува вистинската состојба во нашата држава, состојба која за жал дополнително се влошува со новите поскапувања...

Advertisement

Новинарите на штипската локална телевизија Стар прашаа една нивна сограѓанка кога последен пат купила телешко место.

Нејзиниот искрен одговор никого не остави рамнодушен, а предизвика и бура од реакции на социјалните мрежи.

Advertisement

И овие зборови на жената потполно ја отсликаа состојбата на нашата држава, која очигледно за едни е мајка, за други маќеа.

Принтскрин/ ТВ Стар, Фејсбук

„Па, досега никако не сме го купувале… Многу е скапо и само свинско купуваме“, изјави оваа жена, па на прашањето што мисли дали цените на местото ќе се покачат, таа вели:

Advertisement

„Ќе се качат, нема да бидат исти. Повеќе ќе се ка;ат. За нас сиромасите нема место, ние пипер и патлиџани, тоа ќе јадеме“, вели оваа скромна жена и додава дека по новите поскапувања месо ќе јадат само богатите, односно оние што имаат големи плати.

Принтскрин/ ТВ Стар, Фејсбук

Оваа снимка предизвика бура од реакции на Фејсбук, а многумина ги критикуваа одговорните во државата кои впрочем и се највиновни што сиромаштијата кај нас доаѓа на голема врата.

Принтскрин/ ТВ Стар, Фејсбук

„Брука. И срамота. Во кој век живееме, дојди во Германија најади се месо. 2000 евра плата, а местото 10 евра кило. Срамота и гревота, овде луѓето на одмор на Марс се качуваат, а вие уште не можете месо да јадете, СРАМ за државата, срам“, напиша еден корисник на социјалните мрежи под видео, а со сличен коментар се огласија и многу други.

Целото видео погледнете го во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button