Нема да ви се верува – во овој познат маркет продаваат тиквички на попуст што сите ги остави без зборови
Во еден маркет забележан попуст од 0 % - да не беше смешно, ќе беше жално, коментираат многумина

Овој попуст е хит на социјалните мрежи
На Фејсбук страницата „Ало, инспекторе“ каде секојдневно се објавува по некоја „глупост“ од маркетите и продавниците во Хрватска, овој пат беше споделена фотографија со попуст што предизвика бројни реакции.
Станува збор за попуст на тиквички кои во една продавница во Хрватска се продаваат на попуст од 0 %.
Имено, попустот на овој производ е означен како 0%, па ова предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
„Денес на ред е една навистина ‘генијална’ ознака за попуст на производ во загребската Дубрава. Во тамошниот Спар некој осмисли реклама за акциска продажба на тиквички од 0 % попуст“, пишува во објавата што неодамна беше споделена на оваа Фејсбук страница.

„Да не е смешно, ќе беше тажно. Бидејќи ова е навреда за секој нормален потрошувач. Или тоа некој во Спар можеби не го мисли?“, се прашуваат уредниците на страницата за овој феноменален попуст.
Ова предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а мислењата и овој пат, како и за многу други работи, се поделени.
Па така едни ги обвинуваат оние потрошувачи што не сакаат да учествуваат во бојкот на маркетите, додека други сметаат дека не станува збор за алчност на маркетот, туку најверојатно за грешка.
Еве некои од коментарите:
„Изгледа дека подобро и не заслуживме. Кога е бојкот, протест, една рака луѓе, а од своите фотелји сите се бунат. Тешко им е да си го мрднат з*дникот и да се побунат. Па нека ни биде и полошо“.
„Како и микровалната во Кауфланд, во каталогот и на плакатот пред маркетот 55 евра, кога ќе влезеш внатре 79 евра…“
„Искрено, не знам дали прават будали од нас или неуки будали штампаат и ги закачуваат овие попусти. Во двата случаја голем срам за Спар. Ве мола, испратете ја оваа фотографија до медиумите, баш ме интересира дали ќе ја објават“, пишуваат корисниците под објавата на социјалните мрежи.
А еве и едно поинакво размислување:
„Инаку, дефинитивно не е 0.99 евра, така што е на акција. Сето останато се ознаки кои се должни да ги наведат, т.е. задните месец дена веќе беа на попуст од 0.99 и во однос на таа цена, 0 % поевтино. Во однос на регуларната, попустот е поголем од 0%. А тоа дека изгледа забегано, изгледа“, пишува под објавата.
На овој коментар неколкумина се надоврзаа и напишаа дека тиквичките во овој маркет и нормално се по таа цена.
„Ама е по закон! А не е единствената работа што е забегана, а е според законот“, се надоврза една корисничка на интернетот.