Нема да ви се верува – тука ќе ви дадат и пари и куќа БЕСПЛАТНО! Погледнете како изгледа местово
Станува збор за едно од најубавите места можеби и на целиот свет, опкружено со недопрена природа, но овие пари ги добивате само под неколку услови

Звучи како на филм, ама доколку живеете во Италија или имате европски пасош, овој „филм“ може да ви стане реалност…
Власите во Италија со нова идеја како да ги оживеат руралните краеви од својата земја, а истата стана и вирална во цел свет.
Имено, бројни општини од руралните делови на земјата како и напуштени села од пред некое време ја спроведуваат иницијативата со која даваат стари куќи по симболична цена од само едно евро.
Купците имаат само еден услов
Имено, новите газди најчесто се обврзуваат да ги реновираат во рок од две до три години, а во некои даваат депозит кој ќе им биде вратен по завршувањето на реновирањето на овие домаќинства, пишуваат италијанските медиуми.
Најнова ваква мерка ни доаѓа од планинското село Трентино – се наоѓа на северот на Италија, каде локалната влада не нуди куќа за едно евро, туку конкретна финансиска помош – и тоа до 100.000 евра за да привлечат нови жители. Станува збор за иницијативата на регионалниот совет на Тренто, и за овој експериментален проект издвоени се дури 10 милиони евра за следните две години со цел – да се населат малите, најчесто заборавени села и да се поттикне развојот, но истовремено и да се зајакнат локалните заедници.
Во овој план се опфатени 33 општини кои претежно се сместени во рурални и планински области од овој дел на Италија.
Регионот Трентино-Јужен Тирол познат е по недопрена природа и вински лозја, а во непосредна близина е на скијалиштата и Доломитите, едно од најпознатите туристички планински места во цела Италија.
Фото: Фрипик
Но овој програм има и строги услови
Помошта од 100.000 евра не е дадена за луксуз, туку исклучиво за купување и реновирање на стари куќи во овој регион.
Па така од овие пари максимум 20.000 евра можат да се искористат за купување на недвижнина, додека останатите 80.0000 евра од помошта се резервирани исклучиво за реновирање на истата.
Оние што ќе ги искористат овие средства, ќе мора да живеат во куќата најмалку десет години, а дозволено е и издавање на недвижноста, но само по пристапни цени кои се во склад со локалните стандарди.
Во спротивно, доколку се прекршат некои од овие услови, парите ќе мора да се вратат, пишува порталот Time Out.
Фото: Фрипик
Прекрасно место
Тренто е град во северна Италија кој воедно е и најголемиот град и административен центар на провинцијата Трентино-Јужен Тирол, како и административен центар на истоимената област Тренто.
Тренто е историски познат по трентскиот собир, важен настан во историјата на Римокатоличката црква.
Како и целата провинција Трентино-Јужен Тирол, Тренто е познат како високо развиен град. Според последните проценки за квалитетот на животот, Тренто е на прво место во цела Италија.
@gardaoutdoors The historic center of the city of Trento is noble and austere, welcoming tourists with a skilful fusion of different architectures , from the Romanesque-Gothic style to that of the modern era. Through its churches, monuments and palaces, Trento releases a piece of its history at every corner, and its streets hide unknown treasures, legends and curiosities that deserve to be discovered. #gardaoutdoors #lakegarda #gardasee #lagodigarda #italy #trento #trentino #dolomitesitaly
Опкружен со Алпите
Градот се наоѓа во долината Адиџе, опкружен со Алпите, во северниот дел на Италија, нешто помалку од 600 км северно од главниот град Рим и 60 км јужно од Болцано. Станува збор за јужниот дел на алпскиот регион, во делот со долните Алпи (т.н. Доломити). Градот се наоѓа во долината на реката Адиџе, опкружен со планини на запад и исток.
Климата во Тренто е континентална. Затоа, зимите се нешто поостри, а летата поблаги отколку во јужните делови на Италија.
@thiagobomber83 📍Levico Terme • Trentino #levicoterme #levico #trentino #trentinodascoprire #trentinoaltoadige #dolomiti #djiglobal #dronevideo #videoviral #tiktokitaly
Најмногу имигранти од Балканот
Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 114.198 жители. Во 2008 година Тренто имал нешто повеќе од 110.000 жители, што е 2 пати повеќе од пред еден век. Тренто има и значителна приградска област, со двојно повеќе жители. Градот денес има значителен дел од имигрантското население. 93% од населението се италијански државјани. Останатите 7% се имигранти од целиот свет, но најмногу од Балканот.