Нема да ви се верува колку пари заработува Гавазова – сиромашното детство нема да го заборави (видео)
Taa денес е една од најплатените пејачки, но никогаш не криела дека потекнува од сиромашно семејство

Боки во живо и се јави на Гавзова, пејачката откри многу детали од својот живот во неговата емисија
Сузана Гавазова важи за една од најпопуларните и најбараните пејачки, но и за една од најплатените на нашата сцена.
Таа за еден свој настап заработува и по неколку илјади евра, а кај Бојан Јовановски прв пат ја откри и точна цифра.

Принтскрин/ Јутуб
Имено, на прашањето од познатиот шоумен колку зима од настап, Гавазова најпрво не сакаше да открие, па во шега изјави:
„Да кажам сега, па да дојдат овие од УЈП и да ме рснуат тука“, вели во пега пејачката, па го додаде и следново:
„Важам за најплатена пејачка во Македонија, од фолк-естрадата“, изјави таа и откри дека зима по 2500 евра, но надвор од Македонија.

Принтскрин/ Јутуб
Инаку, Гавазова никогаш не се срамела јавно да зборува дека како дете била многу сиромашна, па затоа и не завршила средно училиште. И како што пејачката откри и сега, таа започнала со настапи многу млада, но смета дека животна грешка и е тоа што не завршила средно.
„Немам средно образование, за жал. Многу млада почнав да пеам, бевме од сиромашна фамилија, сиромашни. И дека јас сум од село, најмногу ми беше тешко, немав што да облечам. Си велев дека која ќе одам во град, ќе ми се смеат. И второ, навистина, подалеку живееме од градот, Сушица е малку подалеку од градот“, откри Сузана за своето детство.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Тоа ми е животна грешка, ама си викам, не е касно никогаш, можам да се завршам и вонредно. Ама знаеш кога ќе завршам? Кога ќе се пензионирам, А ќе се пензионирам кога ќе кажат моите обожаватели“, вели Гавазова во емисијата кај Боки, па го додаде и следново:
„Си викам, не умирам без средно. Затоа што кога ќе одам кај Господ и ќе ме праша ‘Ти што заврши? Осмо? Средно немаш, назад!’, Назад, ама јас нем да сакам назад, да се вратам“, вели во шега познатата пејачка.
„Затоа што во овој живот, на оваа земја, само треба да се бори човек. А јас сум веќе уморна од борба, уште од сега“, вели таа.
Целото видео со Гавазова и Боки погледнете го во продолжение:



