Нема да ви се верува колку пари потрошил Боки 13 за новогодишата магија во својот луксузен дом
Ирваси, Дедо Мраз и огроооомна елка

Неговиот дом изгледа како во бајките
Македонскиот шоумен, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, откри како го уредил својот дом за Нова година.
Тој сподели неколку фотографии од својот луксузен дом на социјалните мрежи, кој во пресрет на празниците изгледа како бајка.

Инстаграм/ Боки 13
Целиот простор е украсен со новогодишен декор, а големата бела елка висока до плафонот остава без здив.
Низ целиот дом има украси, златни пакетчиња, панделки и лампиони во сите бои, како и големи новогодишни џуџиња.

Инстаграм/ Боки 13
Тука се и големите плишани мечиња, како и симпатичните Дедо Мразовци. И самиот двор од куќата на три ката во која живее Јовановски е украсен раскошно, а се наоѓа во тивок, но елитен дел од Скопје.
Како што пишува српскиот Телеграф, вредноста на оваа декорација во куќата на Боки е преку 50.000 евра.
Како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение:
Покрај огромата елка, погледете ги и другите детали…




