Нема да ви се верува колку години наполни Неда – позираше во бикни, ги покажа и внуките (фото)
Ова беше посебен ден за неа, но и за нејзиното семејство

Пејачката ги израдува своите верни обожаватели
Познатата пејачка Неда Украден е вистински пример за жена која знае како да го живее животот со полни гради.
Таа и во осмата деценија изгледа неверојатно добро, а често знае да привлече внимание и со фотки во костим за капење.
Инстаграм/ Неда Украден
Неда тоа го направи и сега, споделувајќи неколку фотографии, а на едната од нив позираше токму во едно вакво издание.
Но овој пат причината за тоа беше посебна – Неда славеше роденден, па со овие фотки ги напиша и следниве зборови:
Инстаграм/ Неда Украден
„Денес славам љубов, радост и благодарност – за Бога, но и а сите што ми пружиле љубов и поддршка денес, опкружена со најмилите, да се радувам. На здравје! Ви се заблагодарувам на сите на преубавите честитки“, напиша пејачката во описот на фотографиите и додаде голем број срциња и весели емотикони.
Насмеана и опкружена со семејството, таа покажа и како изгледа додека ја дуваше свеќичката од тортата со која ја изненадија.
Инстаграм/ Неда Украден
Потсетуваме, Неда Украден е родена на 16 август 1950 година, а својата кариера ја започна на 17 годишна возраст.
Инстаграм/ Неда Украден
Во 80-тите и 90-тите години на минатиот век беше една од најпознатите поп- пејачки во поранешна Југославија.
Инстаграм/ Неда Украден
Таа има завршено правен и филозофски факултет, а има завршено и средно музичко училиште.
Инстаграм/ Неда Украден
Од бракот со Милан Билбија ја има ќерката Јелена од која ги има внуките близначки Неда и Александра и внукот Душан.
Нејзината ќерка Јелена Билбија Миновиќ е успешна маркетинг директорка и сопственичка на познат салон за убавина во Белград,
Таа иако не сака премногу да се експонира, секое нејзино појавување во јавноста предизвикува внимание, посебно заради нејзиниот атрактивен изглед, а многумина велат и дека личи на својата мајка.
Како изгледа Јелена потсетете се тука.