Наши ѕвезди

Нема да ви се верува колку години има Евгенија – поранешната манекенка блеска од среќа (фото)

И по две бремености има тело како милион долари

Advertisement

Поранешната манекенка и денес блеска во секое свое издание

Евгенија Марковска која со проф. Др. Вело Марковски има две деца, сподели преубава вест на својот Инстаграм профил.

Advertisement

Имено, на поранешната манекенка деновиве и беше роденден, па откри каде го прослави и како си поминува.

Таа овој посебен ден уживаше во преубавата природа на Банско, во Бугарија, од каде сподели неколку фотографии.

Но на една од нив Евгенија ги откри и нејзините години, односно дека на овој ден наполнила 32 години.

Се фотографираше со чаша црно вино во рацете, во пријатна атмосфера, а сподели и неколку фотки од планината.

Повеќе од јасно е дека Евгенија уживаше изминативе денови, но и дека со полни батерии им се враќа на обврските.

Таа неодамна откри и како ја накитила елката во својот дом (види тука), а за неколку недели следува уште еден роденден.

Имено, во јануари, веднаш по Нова година, роденден слави ќеркичката, а како со Вело и го прославија претходниот, потсетете се тука.

Потсетуваме, Евгенија и Вело и покрај големата разлика во годините уживаат во складен и среќен брак, што може да се забележи и од нивните заеднички фотографии што ги објавуваат на социјалните мрежи.

Од овие причини, пред извесен период со професорот др. Вело Марковски поразговаравме токму на оваа тема, но и за тоа каков е тој како родител на нивните две деца, нешто што досега многу пати сме го зборувале и со неговата понежна страна, Евгенија.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button