
Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои производи во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани…
Ова е еден од оние производи што во многу наши маркети со брзина на светлината исчезнуваат од нивните полици.
Не станува збор за ексклузивен производ, ниту пак за нешто што нема замена, но заради неговата цена и квалитет често се случува веднаш да биде разграбан, посебно кога ќе биде на попуст.
И затоа понекогаш навистина е тешко да се пронајде, освен можеби во еден од најевтините маркети во нашата земја.
Но бидејќи во другите маркети навистина тешко се наоѓа, оние што ретко пазарат во Кам, понекогаш купуваат и по две пакувања.
Фото: Гламур магазин
Е сега, ако се прашувате за што станува збор, ќе ви откриеме веднаш, но сигурни сме дека и вие често го купувате.
Или барем секогаш кога ќе го најдете во маркет, а како што на една Фејсбук страница се пожали една госпоѓа, иако станува збор за нешто што го има во секое домаќинство, во некои продавници навистина е реткост да го најдете. „И затоа кога ќе го видам на полиците, секогаш купувам не едно пакување, туку две“, вели ова госпоѓа на една страница на Фејсбук.
Фото: Гламур магазин
Под нејзиниот коментар веднаш се надоврза уште една госпоѓа, која вели дека овој производ се уште има пристојна цена, за разлика од речиси сите останати неопходни работи кои значително поскапеле.
Па, дали погодувате за што станува збор и дали навистина се уште е евтин?
Да, во прашање е тоалетната хартија „Perfex Cotton Like“ која се уште е со одличен квалитет, а држи пониска цена од останатите.
Па така додека на многу производи цените скокнаа и преку плафон, овој тоалет се уште се продава со „пристојна“ цена. Но за жал и овој производ во последните неколку години ја промени цената, па така од 129 денари, колку што чинеше во 2018 (во Кам на попуст можеше да се најде и за само 110 денари), сега во истиот овој маркет се продава по сума од 183 денари, што е поскапување од скоро 60 денари.
Принтскрин/ Кам маркет
Интересно е и тоа што истиот производ и тоа во истиот маркет во јануари 2024 година се продавал за 192 денари, што значи за неколку проценти поскапо од денешната редовна цена од 183 денари.
Принтскрин/ Кам маркет
Цена во 2018 година – 129 денари
Како за пример еве и следната фотографија од која може да се види дека оваа тоалетна хартија веќе во јануари 2024 година се продава за 159 денари, и тоа на попуст, додека редовната цена тогаш беше 192 денари.
Принтскрин/ Кам маркет
Цена во 2024 година – 192 денари
Напоменуваме и двете тоалетни хартии се со три слоја и со по 200 листа, а цените во повеќето маркети се дури и нешто поскапи.
Фото: Гламур магазин
Најновата цеца – 183 денари
Но и покрај поскапувањето, овој производ се уште е еден од поевтините, па на оние места каде и „царот оди пешки“ го има многу често, иако многу ретко е достапен во повеќето маркети.