Нема да ви се верува како Саша ја запознал Зорана – ги шокираше сите кога ја откри нивната тајна
Еве како еден лајк може да ви го промени животот

Нивната љубовна приказна е како од холивудските филмови
Пејачот Саша Ковачевиќ ја запроси својата сакана по 10 години врска, Зорана Тасовац. Таа блескаше од среќа кога го виде клекнат на колена, како од задниот џеб на панталоните го вади прстенот.
Овие снимки го воодушевија целиот Балкан, а Саша за својата љубов отсекогаш зборувал дека му е судбинска.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Но начинот на кој тие се запознале, своевремено ги изненади сите, а Саша за прв пат тоа го откри во емисијата „Ами-џи шоу“.
Имено, Саша тогаш за прв пат сподели дека се запознале преку Инстаграм, по неколку меѓусебни лајкови, по што започнале конверзација, а пото и се сретнале во живо – кога по некое време и се родила нивната љубов која трае и ден-денес.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Оваа негова исповед тогаш ги изненади сите, посебно што станува збор за пејач кој им е омилен на многу жени во регионот.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Тој ги освои и сега со овој свој романтичен потег, но секако најсреќна беше Зорана кога го виде дијамантскиот прстен.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Која е Зорана Тасовац?
Потсетуваме, Зорана од претходниот брак со Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ, има ќерка Искра.
И бидејќи нејзината наследничка од самиот почеток живее со нив во нивното љубовно гнездо, музичарот веќе делумно и го остварил својот сон. Имено Ковачевиќ повеќе пати јавно зборувал дека сака да се оствари во улога на татко, но и дека кон ќерката на својата сакана се однесува одговорно и како вистински родител.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Впрочем тоа може да се забележи и од нивните заеднички фотографии и од нивните дружби кои пејачот често ги споделува на својот официјален профил на социјалните мрежи.
Тој е близок и со поранешниот сопруг на Зорана, Богдан, со кого Зорана порано беше во брак, но многу кратко.
Повеќе за ова прочитајте тука >>



