Нема да ви се верува дека пред два месеци се породи – Македонка која ги освои сите со своите објави
Остава без здив со секое свое издание...

Поранешната кошаркарка и фитнес тренер, Едина Муса, пред два месеци се оствари во улога на мајка.
Едина тогаш го роди своето прво дете, малиот Максим, а за брзо време им се врати на своите активности, како во секојдневниот живот, така и на социјалните мрежи со нејзините објави.
Но она што сите го забележаа е дека оваа мама изгледа прекрасно и тоа само неколку недели откако излезе од болница.
Инстаграм/ Едина Муса
Тоа може да го видиме и од нејзината последна објава на која во црна маичка без ракави го држи бебенцето во рацете, како и од фотографијата со бебешката количка додека се шета низ паркот.
Инстаграм/ Едина Муса
Таа неодамна сподели и селфи од теретана, како и издание без шминка, а сите ја коментира нејзината вита линија.
Инстаграм/ Едина Муса
Потсетуваме, Едина се породи на 19 февруари во Државната клиника во Скопје, а неколку месеци претходно заплови во брачните води.
Инстаграм/ Едина Муса
Таа е во брак со поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка, поранешен сопруг на пејачката Тамара Тодевска.
Инстаграм/ Едина Муса
Едина и Мачка на вечна љубов се заколнаа во ноември 2024 година, а на нивната свадба присуствуваа бројни познати лица.
Инстаграм/ Едина Муса
Како Едина изгледаше и како невеста, со трудничкото стомаче во преден план, погледнете во продолжение…