Бизнис

Нема да ви се верува, ама овие работници во Македонија заработуваат и преку 500 евра за само еден ден

Овие мајстори дневно можат да заработат колку што многу други добиваат за цел месец работа

Advertisement

Во нашата земја има се помалку мајстори

Без разлика дали ви треба мајстор за да ви го поправи бојлерот или да ви намести нова клима, добри мајстори денес тешко ќе најдете.

Advertisement

Многумина од нив заминаа во странство каде се многу подобро платени, а оние што останаа, веќе одамна не работат за „џабе“.

Но и кога сте решени да го одврзете кесето, бидејќи на крајот на денот не сакате да останете без бојлер или клима, постои уште еден проблем со кој ќе се соочите во вашата потрага по мајстор.

Имено, во моменталната ситуација во која што се наоѓаме, добар мајстор многу тешко ќе најдете.

Advertisement

Тие се мошне барани, а постојано имаат работа, така што не ретко може да се случи и да не ви кренат телефон.

Фото: Фрипик

Постојано се зафатени

Тие веќе однапред со денови се зафатени, посебно во овој период од годината кога во многу домови сервисираат клими, но и местат нови.

Од друга страна, нови мајстори речиси и да нема, односно во ниту едно од нашите средни училишта не излегуваат нови кадри кои ќе бидат подготвени за оваа работа, впрочем како и за многу други професии, што е голем хендикеп за нашиот систем..

Инаку, овие мајстори и кај нас добро заработуваат, па така за инсталација на една обична клима ќе треба да платите околу 100 евра. Оваа цена знае да биде и повисока, во зависност од сложеноста на уредот и местото, а уште поскапи се инсталациите за подни и тавански клими.

Фото: Фрипик

Нивните услуги не се евтини

Од друга страна, се препорачува еднаш годишно климатизерите да се проверуваат од страна на мајстор, а и овие услуги не се евтини.

Па така во текот на сезона, добар мајстор може да заврши и неколку интервенции во денот, што значи и заработката е поголема.

И бидејќи во оваа работа се цени трудот, но и знаењето, овие мајстори дневно можат да заработат и до 500 евра.

Но и покрај тоа што убаво заработуваат, квалификувани работници има многу малку, па навистина ви треба среќа да најдете добар мајстор.

И на крај, доколку сте го пронашле вистинскиот, треба да сте среќни што дошол да ви заврши работа, бидејќи може да се случи и да ви ги земат парите и работата да ви биде само делумно завршена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button