Нема да ви се верува, ама кило пиперки и во Америка се продава поевтино отколку во нашите маркети
Цената на обичните зелени пиперки во нашите најголеми маркети ги „запалија“ социјалните мрежи

Ќе станат ли и обичните пиперки луксуз?
Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Цените на некои производи во последно време значително се зголемија, а тоа се однесува и на обичните пиперки.
Имено, во продавнициte цената на пиперките кај сите предизвикува чудење, па дури и кога станува збор за оние маркети кои важат за најевтини во Македонија, како Кам, Стокомак, Кипер…
Па така во овие продавници благиот пипер се продава околу 250 денари, со мали отстапки доколку истиот е на попуст.
Цена на бабурите во Рамстор
Поприлично високи се цените и на лутите зелени пиперки, па така тие се движат од 15 до неверојатни 40 денари за парче.
Високи се цените и на сите останати производи што се продаваат во пилијарите во маркетите, а слична е ситуацијата и на пазарите, посебно за оние производи кои тукушто пристигнуваат на тезгите.
259 денари благи пиперки во Рамстор
Овие превисоки цени на пиперките дефинитивно предизвикуваат многу чудење кај потрошувачите, но и на социјалните мрежи.
И под секоја објава со цени на овие производи следуваат бројни коментари, а некои тврдат дека цените во странство се пониски.
Лидл, Америка
„Од кога пиперките станаа луксуз?“, се прашуваат многумина на социјалните мрежи, а има и такви кои тврдат дека ќе бидат и поскапи.
„Живеам во Америка и тука благиот пипер во моментов е поевтин, но во некои супермаркети на пример за пакување во кое има само две бабури ќе треба да платите 150 денари. И оваа цена е на попуст, што значи повеќе од 80 денари за само една пиперка“, вели друг корисник на социјалните мрежи.
Сакавме да ги провериме овие тврдења, па еве и цена на благите пиперки во маркетите на Лидл во Америка.
Лидл, Америка
Па, што мислите дали 250 денари за килограм пиперки е превисока цена и од каде вие најчесто купувате зеленчук?
Бонус видео
@codrinachetaa Hope this helps a few people out🫶🏼 #freshmondays #foodhacks #singleparent #mumsoftiktok #foodtok #fyp
Овошје и зеленчук на половина цена
На запад овошје и зеленчук купуваат и онлајн, а една мајка сподели трик како купува свежи производи на половина цена.