Нема да ви се верува, ама и во Кипер маркет необични производи се продаваат како алва (фото)
Нов каталог, нови цени, ама и нови изненадувања

Бевме, видовме, а од ова богами и се изненадивме
Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Топ 3 производи за оваа недела од Кипер маркет
Оваа недела покрај мaркетот КАМ (види тука еден необичен производ од овој маркет), решивме да скокнеме и во една од најблиските продавници на популарниот Кипер Маркет. Па во продолжение погледнете неколку интересни производи што ги издвоивме за оваа недела.
Нашата шопинг листа е составена од топ три производи од нивниот нов каталог кој може целосно да го видите на Фејсбук.
Па така од денес во Кипер Маркет ќе може да најдете детергент за перење алишта од Перслил за 525 денари.
Персил – 525 денари
Станува збор за големо пакување од 7 килограми кое моментално е на попуст од 12 % (цена без попуст е 599 денари), а како за споредба може тука да ја видите и цената на ХХЛ пакувањето од Факс во Кам.
Во овој маркет можеби се продава и еден од најевтините тоалети Hello – 109 денари за 10 пакувања (Green Tea).
И можеби најинтересен производ во новиот каталог на овој маркет е душекот со ексклузивна цена од 2899 денари.
Nouve Blanc
Па, ако во КАМ оваа недела ве изненадија велосипедите (види тука), во Кипер тоа дефинитивно е овој јоги душек.
Истиот е со димензии 200 x 90 сантиметри, со одлична структура која ја регулира температурата на телото, овозможува циркулација на воздухот и е со ортопедска поддршка.
Па, доколку имате потреба од нов душек или велосипед за вашето дете, сега знаете и каде да ги најдете по супер цена, нели?
Пишете ни во коментарите некој производ што вас ве изненадил во овие маркети или што сметате дека се продава по супер цена.