Нема да те жалиме, ќе пееме и ЌЕ ТЕ СПОМЕНУВАМЕ… Познатите со солзи се збогуваат од Зоки Фаци
„Беше чиста и искрена душа, добар човек пред се“
По веста за смртта на новинарот Зоран Василевски многу пријатели и јавни личности изразуваат сочувство до семејството.
Социјалните мрежи се преплавени со емотивни фотографии на нашите познати лица на кои се фотографирани со Зоки Фаци, а на овој начин сочувство изрази и Јелена Карлеуша на својот Инстаграм.
По тажната вест се огласи и пријателката на Зоки, поранешната водителка Хелена Роза која сега живее во Нов Зеланд.
Инстаграм/ Хелена Роза
Таа стави црна позадина на нејзиниот профил, а сподели нивни заеднички фотографии со емотивни зборови.
„И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум тука далеку физички од тебе, но ти знаеше дека иако далеку, јас бев со тебе и со тебе секој миг. Не можам да поверувам дека те нема повеќе на овој земјен свет. Дека нема веќе кој да ми вика Цууц, Деспино и да се смееме без причина. Многу, премногу ќе ми фали Зочко мој“, напиша Хелена, па го додаде и следново:
Инстаграм/ Хелена Роза
„Што и да напишам и раскажам ќе биде премалку за сите овие години поминати со тебе“, пишува Хелена за Зоки на Инстаграм.
Инстаграм/ Хелена Роза
.Многу тажна и емотивна порака сподели и Панчо од ДНК, кој под заедничка нивна фотографија го напиша следново:
„Беше чиста и искрена душа, добар човек пред се. Беше едно големо дете полн со љубов и енергија. Оние кои лично не те познаваа нема да го споделат истото мислење со мене но тоа е најмалку битно“, напиша Панчо, па ги додаде и следниве зборови:
Инстаграм/ Панчо ДНК
„Дефинитивно ќе фалиш како новинар, другар, пријател и пред се како човек, бидејќи се помалку ги има….. Ќе те памтам по многу смеа, луди идеи и по тоа што на почетоците на нашата кариера секогаш си бил тука за ДНК кога најмногу ни било потребно. Јас те викав Золе, ти мене Панчито и така беше до самиот крај“.
Инстаграм/ Панчо ДНК
„Сега одмарај таму горе каде што повеќе нема ништо да те боли, а ние нема да те жалиме, ќе славиме ќе пееме и ќе те споменуваме со секое пеење на ‘Стојам Сам’ бидејќи кога излезе песната ми се јави и ми кажа дека тоа е твоја песна – афтобиографска. 😔
Сочувство до семејството и фамилијата. Со почит, Панчо, пишува во тажната објава на нашиот познат музичар.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Тажно видео објави и пријателката на Зоки, Мелита Ракичевиќ, која со солзи на очите зборуваше за својот драг пријател.
Повеќе за ова прочитајте тука..