Нема да се претворам во нешто што не сакам да бидам, само за да бидат задоволни другите
Никому не должите објаснување за вашиот избор на живот. Понекогаш можеби ќе бидете пред раскрсница и нема да знаете каде да тргнете, но вие сте единствената личност која може да го избере она што ви одговара, зашто само вие го слушате вашето срце.
Не треба да се претворите во нешто што не сакате да бидете, само за другите да бидат задоволни. Не дозовлувајте другите да ја кројат вашата судбина, тогаш тие да бидат задоволни, а вие да не се препознаете во сосптвената кожа. Секако дека ќе правите грешки, многу грешки, но не постои совршен водич во животот кој ќе ве носи кон успеси. Најголема грешка е да се претворите во нешто што не сакате. Не дозволувајте некој друг да ви ги ограничи можностите за вашиот раст.
Запаметете дека сите ние на овој свет сме еднакви. Сите имаме свој живот и истиот треба да го живееме. Способни сме да мислиме за нас и да се бориме за нашите права. Сите сме одлични на некој начин, затоа, не претворајте се во личност која постојано ги слуша другите и на која ѝ е одземена моќта.
Дозволете си да уживате во новиот ден, во успесите и во падовите. Не треба другите да ја кројат облеката која вие ќе ја носите во текот на животот. Одберете го сами костумот кој ќе го облечете и настапете на сцена. Блеснете во вашиот живот, онакви какви што вие сакате, а другите нека изберат дали вреди да ве имаат до себе или не!