Познатата старлета не престанува да се фали со својата нова линија
И покрај тоа што со поранешниот свршеник, реперот Тајге, јавно се препукуваат поради неплаќањето алиментација, старлетата и поранешна стриптизета Блек Чајна не испушта можност да се пофали со новата линија со која сега изгледа како никогаш порано.
Провокативната 28 годишна девојка го покажа тоа со неколку фотографии кои ги сподели преку нејзиниот профил на Инстаграм и на кои носи еден од најженствените фустани во кои сме ја виделе досега, пред продавницата на Шанел во Беверли Хилс.
Имено старлетата носеше комплет составен од црно боди корсет и долг проѕирно здолниште со цветови кое ги открива нејзините облини по кои е позната. Покрај тоа таа се откажа и од долгите екстензии, а новата кратка коса со шишки навистина одлично и стои.
Инаку, само да потсетиме, откако пред неколку месеци ја роди ќеркичката Дрим која што ја доби со Роб Кардашијан со кого е од минатата година, Блек намали 26 кг што не може да се каже и за Роб кој се уште се бори со истите, по периодот од повеќемесечна депресија.
Интересно е и тоа што нејзиниот поранешен свршеник Тајге ја љуби неговата полусестра Кајли Џенер, но и покрај повремените расправии, по се изгледа дека сите се согласуваат добро, а ривалството го глумат поради пари и слава. Наводно семејните драми ги прават и двајцата, и Блек и Роб, и тоа многу повеќе поради своето реалити шоу, отколку поради вистинските несогласувања, поради кое Блек во една пригода и се исели од дома со децата, додека Роб на Инстаграм пренесуваше видеа од празната куќа.
Како и да е ова е голема нејзина промена на подобро, барем кога е во прашање нејзиниот изглед, а кога ќе ги погледнете старите фотографии, веднаш ќе ви стане јасно зошто е тоа така.