Нема цел орган, прима терапии и делови од телото му се изобличени – што се случува со здравјето на Боки?!
Боки самиот откри лоши вести за неговото здравје која ја пренесоа и најчитаните портали во регионот
Боки откри детали од својата здравствена состојба
Бојан Јовановски попознат и како Боки 13 на Инстаграм откри дека се бори со сериозни здравствени проблеми.
Имено, Боки се огласи и откри дека неговата коса е вештачка која што ми била ставена откако му опаднала вистинската.
Тој со ова свое огласување сакаше да стави крај на шпекулациите и самиот да им го открие ова на сите оние што го следат преку неговите профили на социјалните мрежи, но и да им се обрати на сите што ја коментираат неговата болест и здравје дека му е преку глава од нивните коментари и нечовечко однесување.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
„Се надевам дека една група на поединци сега се задоволни и посреќни.. И доста веќе ми ја коментирате болеста и здравјето. Само јас си знам како ми е и како сум“, вели Боки во своето обраќање на Инстаграм. Целото негово обраќање прочитајте го во продолжение:
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, Боки во едно од своите гостувања кај Стефан Лазаров потполно искрено зборуваше за деновите поминати во затворот.
Принтскрин/ Јутуб, Пинк
Тоа беше неговото прво појавување во еден ваков формат и предизвика големо внимание во целиот регион.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Боки тогаш искрено зборуваше за затворските денови во Шутка и Идризово, каде помина четири и пол години пред да излезе.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Тој зборуваше за физичката голгота низ која што поминал, истакнувајќи дека изгледа здраво, но дека има проблем со внатрешните органи.
„Може одеднаш да ми се слоши, немам цел орган, примам терапии. Ме делеа само 20 минути од смртта, таму каде што бев итно ме оперираа. Затоа за време на овој разговор морам да имам две-три паузи за да јадам, морам да јадам на два-три часа“, изјави тогаш Боки во поткастот на јутуберот.
„Од терапијата некои делови од телото ми се изобличени. Без разлика на тоа што го доживеав, морам да ја поздравам одлуката на судот. И тоа што, откако бев опериран, ме чуваа добро“, изјави тогаш Боки.
Повеќе за ова прочитајте тука..