Наши ѕвезди

Нела одвај ги задржа солзите кога се врати дома – Македонката со ангелски глас ја освои Европа

Беше пречекана со аплауз и многу емоции од своите соученици во училиштето во кое што учи...

Advertisement

Нела Манческа се врати во Македонија и така беше пречекана што одвај ги задржа солзите радосници.

Нела која пред само неколку дена со песната „Miracle“ ја претстави Македонија и го освои високото седмо место на Детската Евровизија која се одржа во Грузија, се врати во својот роден град.

Advertisement

На социјалните мрежи исплива едно видео што и Нела го сподели, а на кое може да се види како беше пречекана од соучениците.

Принтскрин/ Детска Евровизија

Имено, Нела е ученичка во ООУ Вера Циривири- Трена во Скопје каде од нејзините другарчиња и соученици беше пречекана со бурен аплауз. Од снимката зрачат емкоциите, а Нела истата ја сподели на својот профил и им се заблагодари на сите за овој топол дочек.

Потсетуваме, Детската Евровизија оваа година се одржа во Грузија, по победата на земјата во 2024 година со песната „To My Mom“ од Андрија Путкарадзе, заради која овој натпревар се одржа во нејзината земја.

Принтскрин/ Детска Евровизија

На големата сцена во Тбилиси, македонската претставничка со силен вокал и бајковит стајлинг ја изведе баладата „Miracle“.

Песната е дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, а Нела со својот волшебен глас го освои високото седмо место.

Нела Манческа

На овогодишниот избор учествуваа 18 земји, а победник е Франција, додека второто и третото место им припаднаа на Украина и Грузија.

Потеклото на натпреварувањето датира од 2000 година, кога Данското радио одржало натпревар за избор на песна за данските деца таа година и следната година. Идејата била продолжена на Скандинавскиот фестивал во 2002 година, познат под името МГП Нордик, каде учествувале натпреварувачи од Данска, Норвешка и Шведска. Тоа го инспирирало ЕБУ да ја земе идејата за Евровизија која вклучува деца и отвориле конкурс за сите радиодифузерски членки на ЕБУ што го прави пан-европски настан. Работниот наслов на програмата бил “Евровизија за децата” (Eurovision Song Contest for Children). Веднаш потоа, Данска побарала да биде домаќин на првото издание поради нивното искуство на организирање свои натпревари и МГП Нордик.

По успешното организирање на првиот натпревар, вториот се соочуваал со неколку проблеми со локацијата. Настанот првично требало да биде организиран од страна на британскиот радиодифузер ITV во Манчестер. Меѓутоа подоцна поради финансиски причини, британците се повлекле од организацијата на настанот. Се верува дека за донесената одлука важен бил уште еден фактор, падот на рејтингот на публика. Подоцна, ЕБУ им понудиле на хрватскиот радиодифузер ХРТ, кој победил на натпреварот во 2003, да биде организатор на настанот во Загреб; и покрај тоа што подоцна се покажа дека ХРТ “заборавиле” да резервираат место во кое натпревар би се одржал. Конечно, на пет месеци пред почетокот на настанот, норвешкиот радиодифузер НРК поднесол барање да биде домаќин на натпреварувањето во Лилехамер.

Видеото од пречекот на Нела во училиштето погледнете го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button