Наши ѕвезди

Неколку зборови за нелуѓето и смртта на младиот Душко Чифлиганец – нешто што треба секој да го прочита

!И на каков Господ се повикувате кога го зборувате јазикот на ѓаволот?“, напиша познатата водителка Анастасија Деа Богданоска на социјалните мрежи.

Advertisement

Некогаш на овие простори херојството беше на пиедестал, а религиозните закони беа над човечките. Сетете се на Антигона и Софокле, на Хектор, Хомер и неговата „Илијада“, па и на пусто турско кога на најголемите херои на погребот им доаѓал дури и непријателот за да им оддаде почит. Денес, наместо херои, ги величиме арамиите и белосветските неранимајковци, наместо љубов кон другиот шириме омраза спакувана во лажен патриотизам и забораваме дека на Господ најпогано му е кога некој хули против братот…

На 02. август во Брно, Чешка, се случи трагичен инцидент во кој загина 32-годишниот бизнисмен Душко Чифлиганец. .

Според досегашните информации, несреќата е случила на мото-стазата во Брно, за време на квалификации за трките.

Advertisement

Душко кој инаку е син на Ванчо Чифлиганец, еден од најбогатите бизнисмени од Македонија и сопственик на компанијата Адора, учествувал во трка со мотори, но за време на трката се лизнал и паднал, по што се здобил со сериозни повреди на главата и вратот.

Инстаграм

Веднаш по несреќата, била повикана медицинска помош и Душко бил префрлен во болницата во Брно, каде лекарите дали се што било во нивна можност за да го спасат Душко.

Advertisement

Но за жал младиот моторџија им подлегна на повредите, па по трагичната вест многумина изразија сочувство на социјалните мрежи.

Инстаграм

Но покрај овие тажни пораки на социјалните мрежи можеа да се прочитаат и навредливи зборови што во себе немаат ни грам човечност. Ваквите бескрупулозни и крајно нехумани пораки изреволтираа неколку наши познати личност јавно да се огласат и да го искажат својот гнев што некои се дрзнале во вакви моменти да бидат нелуѓе.

Еден од овие наши познати личности кој не можеше да го премолчи сето ова беше и познатиот фолк-пејач Јордан Митев.

Инстаграм

Имено, тој се огласи на социјалните мрежи, па со коментарот што го напиша го искажа јавно својот револт во врска со ситуацијата.

Покрај Јордан Митев големо внимание привлече и коментарот на Миа Костова, како и на сопругата на Бетмен Велит, водителката Анастасија Деа Богданоска, која исто така не можеше да остане рамнодушна.

Нивните коментари во целост прочитајте ги во продолжение:

„Многу злоба, завидливост, лицемерие и лажен патриотизам се концентрирани на мала површина… Во такви услови никогаш нема да процветаме“, напиша Јордан на црна позадина на која се гледа како гори свеќа.

Принтскрин

„Не станувате ни животно, оти тие имаат поголема емпатија… станувате ништо“

Покрај Јордан со сличен коментар се огласија и многу други наши познати личности, а една од нив е и сопругата на Богдан Илиевски, водителката Анастасија Деа Богданоска, чиј коментар споделен на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост.

„Кога фрлате клетви, пцовки, зборови од кои на секој нормален човек му се превртува желудникот си ја бришете ли белата пена која ви излегува од краевите на устата? Кога го всадувате злото во срцето, знаете ли дека тоа вам ве јаде, а не човекот кон кое е насочено? Кога се ситите на човечка несреќа ( и оваа и сите претходни, слични и скроз различни…) станувате се помалку човек… не станувате ни животно, оти тие имаат поголема емпатија… станувате ништо. И на каков Господ се повикувате кога го зборувате јазикот на ѓаволот? Нека му е лесна земјата на младиот Чифлиганец… сочувство до семејството“, напиша водителката Анастасија на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Принтскрин

„Не си играјте со небото, наплаќа“

Во продолжение прочитајте го и коментарот на Миа Костова, но и некои реакции на нејзиниот коментар на социјалните мрежи.

„Едно нешто имам да кажам и за најголем душман. Никогаш детето да не си го закопаш. Секој кој било чија смрт ја цени за карма, истата ќе го стаса. Не си играјте со небото, наплаќа. И мислите ви ги чита и енергијата ви ја прима. Точка сте во свемирот која можеби е небитна ама некој горе запишува. Мислете на тоа“ напиша Миа.

Принтскрин

Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button