Неколку збора за свештеникот од Кочани што ја смири гневната толпа – еве што објави на Фејсбук
Неговите зборови во овој мрак се светлина за многумина...

Свештеникот од Кочани кој успеа да ја смири топлата по страшната несреќа што се случи во неговиот град се огласи на Фејсбук.
Тој во овие траорни моменти додека некои од револт и гнев од она што се случи почнаа насилно да го искажуваат својот бес, ги повикуваше сите да се смират, а неговите зборови одекнаа во целиот регион.
Имено, свештеникот тогаш застана пред топлата и ги повика сите да појдат во црквата, да се помолат за душите на невините жртви.
„Ајде да ги погребаме децата, па ако сакате после запалете го градот“, апелираше тогаш свештеникот пред куќата на градоначалникот.
Станува збор за отец Димитар кој откако се појави видеото на кое се гледа како ја смирува толпата, го напиша следново:
„Поради популарноста на видеото во кое ја смирувам толпата (всушност луѓето сами се смирија) почнаа величења и глорификации дека сум херој, водич, продуховен итн. Мило ми е што ме доживувате така, но за волја на вистината не сум ништо од тоа што ми го препишувате, херои се сите, и моите собраќа свештеници, војската, полицијата, медицинските лица…“
„Вистинските херои не се во Кочани, едните херои се по странските болници, а со другите се испративме вчера. Ве молам без непотребни пофалби и величења!“, напиша отецот на Фејсбук.
Еве што точно кажа тој и како ги смируваше луѓето во Кочани:
„Во име на Бога ве молам, кои сте од Кочани, знаеме се сите, од кафулињата секој ден се гледаме. Да има луѓе од страна, кој знае што е како е, политички е ова. Ви се молам во име на Бога и во име на Владиката замолува од негово име, оставете само да ги закопаме тие дечиња, луѓе“, зборуваше тогаш отецот пред толпата што беше револтирана од настаните што се случија.
„Најтешкото ни е на нас, ние ги пуштаме во земја, ве молам изладете ги главите, смирете се, одете си, ако сакате утре па дојдете, само смирете се“, се обидуваше отецот да ги смири насобраните луѓе.
„Ве молам во името на Бога, да си отидеме, да ги погребеме, тие деца, после ако сакате градот запалете го, ваш нека е. Ве молам да си одите сега, во име на Бога ве молам, одете во црква да се помолиме, на тие луѓе им треба молитва, помош и се. Ве молам послушајте ме“, изјави тогаш свештеникот.
По неговиот говор, луѓето почнаа да се смируваат и многумина решија да појдат кон црквата, додека отецот се уште ги молеше.
„Најчовечки на колена ве молам, не е убаво ова што го почнавте“, зборуваше за тоа отец Димитар пред насобраниот народ.
По овој настан, но и по погребот за кој вели дека било нешто страшно и дека од секоја мајка што ќе ја видел му пукало срцето од болка, отец Димитар со насолзени очи зборуваше во емисијата на Стефан Лазаров, а што кажа тогаш овој човек, погледнете во продолжение…