Време е да ја прекинете традицијата на мразење на алармот во понеделник наутро, кој го означува почетокот на работната недела. Не пресметувајте уште колку денови има до викендот, туку пружете му шанса на понеделникот за да го засакате. Верувајте дека тоа е возможно.
Облечете си нешто ново
Започнете ја работната недела во модна комбинација која сте ја освежиле со нешто ново. Ако не сте биле на шопинг, најдете некое парче облека кое одамна не сте го облекле. Така ќе се чувствувате поубаво и посебно.
Договорете ручек со пријателите
Ако се договорите со пријателите да отидете на ручек после работното време, тогаш ќе има на што да се радувате. Одржувањето контакт со пријателите ќе ви даде позитивна енергија.
Разубавете му го некому денот
Донесете им кафе на вашите колеги, некому доделете комплимент, насмевнете им се на случајните минувачи… Многу поубаво е чувството кога знаете дека некому сте го разубавиле денот.
Искористете го сонцето
Витаминот Д кој го добиваме од сончевата светлина го подига нивото на серотонин, хормонот на среќа. Затоа, пешачете наутро по утринското сонце или прошетајте со колегите за време на паузата за ручек. Само 15-тина минути дневна прошетка на сонце ќе ви ја намали појавата на депресија.