Спротивно на популарното верување, не мора да познавате многу секс пози за да бидете одлични во кревет.
Спротивно на популарното верување, не мора да познавате многу секс пози за да бидете одлични во кревет. Ви прикажуваме неколку работи кои докажуваат дека сте одлични во кревет.
1. Никогаш не се откажувате
Важно е да бидете отворени кон различните желби и потреби на вашиот партнер. Оставете ги настрана своите мисли за несовршеното тело и можеби ќе откриете уште многу интересни работи.
2. Иновативни сте
Обичните луѓе гледаат фотелја, но вие гледате одличен простор за „доги стајл“. Некои гледаат само обичен градник, додека во вашата глава се родила одлична идеја за игри (врзување) во кревет. Бидете креативни и постојано барајте нови начини за да го зачинете вашиот сексуален живот.
3. Постојано размислувате за сексот
Не само пред спиење или кога ќе го погледнете секси момчето во теретана. Покрај емоционалниот, сексот има и ментален дел. Така, обрнете внимание секогаш кога ќе ви се појават сексуални мисли во текот на денот и не отфрлувајте ги. Дозволете си на себе да се чувствувате секси и внимателно набљудувајте сѐ што ве опкружува.
4. Ги ставате туѓите потреби пред своите
Развиеното чувство на емпатија во креветот може да го подигне вашиот сексуален живот на повисоко ниво. Не предложуваме секогаш да бидете фокусирани на вашиот партнер (секако дека и вашиот оргазам е важен!), но, одвреме-навреме може да му дадете приоритет и да направите да се чувствува како најважната личност на овој свет.
5. Барем еднаш, би пробале речиси сѐ
Тешко е да бидете добри во кревет ако го правите само она што го знаете и не сакате да испробате ништо ново. Не мора тоа да биде којзнае што, но добро е да внесете и забавни работи во вашиот сексуален живот. На пример, тоа може да бидат нови трикови, начини и техники, но и нови и невообичаени места.