BEAUTYНега и здравје

Природни рецепти за погусти веѓи

Advertisement

Веќе одредено време во тренд се густите природни веѓи, а за на природен начин да ги направите погусти, постојат неколку трикови кои најверојатно повеќето не сте ги знаеле. Покрај рицинусовото масло, кое ви го храни коренот на влакната, еве и што друго можете да испробате.

Маслиново масло

Доколку секојдневно ги мачката веѓите со маслиново масло, тие не само што побрзо ќе растат, туку ќе станат и погусти.

Advertisement

Алое вера гел

Направете ги веѓите погусти, а кожата под нив мека и сјајна.

Млеко

Секогаш кога имате време, премачкајте ги веѓите со памук потопен во млеко. Ако имате млеко секојдневно во вашиот дом, тогаш ова може да ви стане секојдневна рутина.

Сок од лук

Можеби ви звучи необично, но и ова може да ви помогне. Свежиот сок од лук има моќ да ги направи вашите веѓи погусти, но потребно е да бидете многу внимателни со очите.

Advertisement

Јајце

Изматете една жолчка и со помош на памук нанесете го на веѓите. Оставете да делува 15-20 минути, па измијте се со ладна вода. Јајцето ќе ви помогне да ги зајакнете фоликулите на влакното.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button