Реклама
MAMAКафе муабет

Некој те чува, дури и кога не го знаеш тоа…

Реклама

Некој те чува, дури и кога не го знаеш тоа, дури и кога тоа не го бараш.

Кога најмногу ти треба. Кога ти е тешко. Кога си среќен и безгрижен. Кога перницата ноќе ти е натопена со солзи. Кога си во прегратка на саканата личност. Кога си сам. Кога спиеш. Кога си во ново и непознато. Кога си во познато, па не размислуваш многу. Некој те чува и кога ја преминуваш улицата, кога си кладен, кога си во друштво во кое ти годи. Некој внимава на тебе кога ти е студено. Некој те покрива. Некој верува во тебе и те охрабрува, и тогаш кога и самиот не веруваш во себе.

Маркетинг

Некој те чува и тогаш кога ќе заборавиш да се грижиш за себе. И кога ќе се сетиш кој си, а и кога си незадоволен од нешто. Кога не можеш да спиеш ноќе, но и кога сјаеш во најдоброто светло. Некој те чува кога ти и не помислуваш за последиците. Некој се грижи и некому си му важен. Некој е покрај тебе и кога ти е лесно и кога ти е тешко. Кога сфатиш дека светот не е толку розов колку што замислуваше, но и кога ќе се изненадиш од она што ти го дарил Бог.

Некој те чува и води грижа за секој твој здив и за секое твое отчукување на срцето. Некој кој те создал и кој те сака, надвор од границите на љубовта која ја познаваш. На некој си му совршен баш таков каков што си. Некој верува во тебе и знае дека можеш! Некој те гледа со очи полни со љубов и понатаму ти ја дава својата сила. Некому си му доволно добар онаков каков што си. Некој те чува.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button