Некои луѓе не ве ценат, се’ додека не заминете од нив. Кога веќе нема да им давате поддршка, која ја направиле како ваша должност, кога веќе нема да им пишувате утешни пораки, кои ги игнорирале, кога веќе нема да ги чекате со раширени раце секогаш кога ќе затропат на вашата врата после полноќ, кога веќе нема да го чекате нивниот повик, ете тогаш ќе ја разберат вашата вредност.
Некои луѓе едноставно не сфаќаат колку сте ги сакале, се’ додека не ќе можат да најдат замена за вас. Кога не ќе можат да најдат некој што ги сака толку многу и онакви какви што се, тогаш ќе се разбудат од сонот во кој живееле. Некои луѓе ќе се обидат да го добијат вашето внимание дури тогаш кога ќе престанете да им го давате. Кога ќе престанете да ги следите нивните објави на социјалните мрежи и кога ќе престанете да им се јавувате само за да им кажете колку ги сакате. Некои луѓе ќе се обидат да ве освојат дури откако ќе ве изгубат. Кога ќе сфатат дека вие имате и други опции, кога ќе сфатат дека никој не се однесува подобро кон нив.
На некои луѓе ќе им недостасувате, дури откако ќе ги заборавите. Кога ќе заборавите да им честитате роденден, кога ќе ја заборавите нивната омилена песна, нивните тајни, кога ќе ги отфрлите сите спомени.