CelebrityНаши ѕвезди

Некои болки не минуваат – Елена Ристеска ја трогна јавноста со објава за татко ѝ (Видео)

Advertisement

Загубата на родител е болка која никогаш целосно не исчезнува, а секоја годишнина носи нов бран сеќавања и тага. Македонската поп-ѕвезда Елена Ристеска денеска се присети на својот татко, кој почина на овој датум во 2016 година.

Иако изминаа девет години од неговата смрт, пејачката отворено зборува дека времето не ја намалува болката, туку само учи како да живее со празнината што останала.

Advertisement

Оваа година, Ристеска на својот инстаграм-профил сподели емотивно видео составено од повеќе семејни фотографии, придружени со песната „Bad Dreams“ на Теди Свимс.

„Девет години без тебе = лоши соништа“, напиша пејачката во описот на објавата.

Фановите ѝ упатија поддршка и зборови на утеха, потсетувајќи ја дека татко ѝ ќе остане засекогаш жив низ нејзините сеќавања.

Advertisement

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)

Елена со емотивни зборови за својот починат татко – фотографијата што ја објави ги расплака сите

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button