Некогашната македонска Гранд ѕвезда со нова песна за кумовите – и Благица Павловска во приказната
Текстот и музиката се на нашата позната пејачка

Некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Александар Темелков, сними нова песна.
Станува збор за песна насловена како „Аирлија куме“ и која е посветена на неговите кумови, Соња, Дејан и Ѓорѓи Илиев, но и за сите кумови во светот, откри неодамна познатиот пејач за Гламур.
Интересно е и тоа што текстот и музиката е на Благица Павловска, една од напите најпознати фолк пејачки.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Песната е снимена во соработка со студио „Ѓорѓиев продакшан“, додека видеото со ИН ТВ и популарната емисијата „Имат немат“.
Аранжманот е на Лазе Ѓоргиев, на кларинетот е Дејан Илиев, а Темелковски оваа песна веќе ја изведува со неговата група „Сенатра Бенд“.
Фејсбук/ Александар Темелков
Песната ги воодушеви неговите бројни обожаватели, така што во коментарите можат да се прочитаат само пофални зборови.
Потсетуваме, Темелков неколку пати се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а по шоуто продолжи со својата кариера.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој настапува низ цела Македонија и досега има снимен неколку песни кои исто така беа одлично прифатени од публиката, а неодамна кога прв пат пејачот сподели дека снима нова песна во соработка со Благица Павловска, сите беа нестрпливи да ја слушнат.
Фејсбук/ Александар Темелков
Како звучи некогашната Гранд ѕвезда во ова издание, погледнете и слушнете од видеото во продолжение: