Наши ѕвезди

Некогаш работел како келнер и продавал весници, а сега Македонија, па и Словенија ќе навива за него

На Миро не му е тешко било што да работи, а едно време продавал и весници на семафор...

Advertisement

Овој пејач важи за еден од фаворитите на многумина

Мирослав Тодосовски Миро веќе со години живее во Љубљана, но неговото потекло е од Македонија со што се гордее.

Advertisement

Тој иако не сакал да се пријави во „Никогаш не е доцна“, решил да го послуша пријателот кој што го наговорил, а сега не крие дека ова му било една од најдобрите одлуки во неговиот живот.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Миро и со својот последен настап во полуфиналето ги воодушеви сите, а од жирито доби само пофални зборови.

Advertisement

Тоа беше доволно да се пласира директно во финалето, а во моментов важи и за еден од фаворитите во шоуто.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Миро во полуфиналето настапи со песна од Жељко Бебек, а како помина овој негов настап погледнете во продолжение:

Инаку, Миро во еден од претходните кругови настапи со песна од легендарниот Тоше Проески, со кого се познаваше и беше пријател, а за овој негов настап се зборуваше со денови.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

„Дојде време да запеам и нешто на македонски. Татко ми е од Македонија и роднините од Скопје ми напишаа да не доаѓам повеќе во Македонија, ако не испеам некоја македонска песна. Имав чест да го познавам покојниот Тоше и навистина беше срце, голема енергија. Кога ќе застанеш покрај него, ти се тресеа рацете, таква енергија имаше“ изјави Мирослав тогаш, непосредно пред неговиот настап.

Како изгледаше неговата изведба на „Тајно моја“ кога речиси сите во студиото ги донесе до солзи, погледнете тука.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Потсетуваме, како и секоја година така и овој пат победникот ќе биде избран во финалната вечер на 29 јуни.

И оваа година ќе има тројца победници, а кој ќе биде избран ќе зависи од жирито, СМС пораките и гласовите од Фејсбук.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Покрај Миро, оваа година во големото финале од Македонија се и Кире Науновски и Зоран Рудан Цеки.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button