Наши ѕвезди

Некогаш беше маж, но сега нема да го препознаете – оваа Македонка го живее својот сон, но далеку од дома

Ги изненади сите со своето најново издание

Advertisement

Нејзиниот изглед е потполно променет, изгледа многу поженствено и речиси непрепознатливо…

Познатата транс-родна личност, Фифи Јаневски, која веќе со години живее во Шведска и изгледа како вистинска жена, често привлекува внимание и со своите објави на социјалните мрежи.

Advertisement

Така беше и овој пат кога Фифи со една своја објава ги изненади сите, посебно заради нејзиното раскошно деколте.

Инстаграм/ Џија Јаневска

Имено, Фифи на едно од свие последни изданија на Инстаграм позираше со своето деколте во преден план и со црвен кармин.

Advertisement

Носеше гламурозен фустан со светки и со тенки прерамки, а изненади и со својата кратка руса коса.

Инстаграм/ Џија Јаневска

Потсетуваме, Фифи веќе со години живее во Шведска каде направи целосна трансформација и сега е Џија.

Инстаграм/ Џија Јаневска

Тој пред десетина години, односно во 2013 и 2014 учествуваше во првата сезона од популарното музичко шоу „Икс фактор“.

Но тогаш покрај својот вокал ги изненади сите и со својот специфичен изглед, а пред неколку недели сподели и нови фотографии со својата колешка од популарното шоу, Александра Брковиќ.

Инстаграм/ Џија Јаневска

Во текот на летото ја посети Македонија и со една фотка од Охрид исто така привлече големо внимание на Инстаграм.

Инстаграм/ Џија Јаневска

Фифи, односно Џија, тогаш покажа како изгледа во костим за капење, со нејзиното раскошно деколте и без шминка.

Инаку, Џија отворено зборува за својата транзиција и во Шведска се бори за правата на ЛГБТ заедницата.

Принтскрин/ Икс фактор Адрија, Јутуб

Тој беше еден од првите на Балканот што на телевизија се појави во штикли и отворено зборуваше за транс-родните лица.

И додека едни го критикуваа, Фифи не беше премногу загрижен за нивните негативни коментари и продолжи да го остварува својот сон, но и да го засегаат само оние што имаа позитивни мислење за него и за сето она што во тоа време го правеше.

Инстаграм/ Џија Јаневска

И како што самиот велеше, уште откако се родил за себе знаел дека е девојче и никогаш во животот не се однесувал како маж.

Инстаграм/ Џија Јаневска

„Сакав да се шминкам, да се облекувам како принцеза, а моти родители тоа не ми го дозволуваа и тогаш сфатив дека сум родена во погрешно тело“, изјави во една пригода Џија потполно искрено за медиумите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button