За куќата да ви мириса убаво, не морате секогаш да користите вештачки освежувачи.
За куќата да ви мириса убаво, не морате секогаш да користите вештачки освежувачи. Некои од овие природни билки ќе ви дадат свеж и пријатен мирис кој вашето семејство ќе го обожава.
Сода бикарбона
Содата бикарбона е класичен апсорбер на непријатни мириси. Ставете малку во еден сад на местото каде што имате проблеми со непријатни мириси, а исто така можете да ја нанесете и на тепихот, ако имате проблеми и со него. Оставете ја одредено време, па дури и преку ноќта, пред да ја исчистите. Таа не остава некој пријатен мирис, но ги елиминира непријатните.
Рузмарин
Разни билки може да ви помогнат просторијата да мириса убаво. Една гранка рузмарин или лаванда ќе ви бидат од голема корист, особено ако можете да ги соберете свежи. Ако не, и исушените мирисаат добро.
Цимет
Многу луѓе го сакаат мирисот на цимет, затоа што тој ги опушта. Освен цимет, ист ефект можете да постигнете и со помош на ванила, портокал, нане, каранфилче или морско оревче.