Фотографиите на оваа плус-сајз манекенка го освојуваат интернетот – Ме малтретираа како дете!
Барби Ферера отсекогаш сонувала да стане модел, и покрај тоа што нејзиниот изглед многу се разликува од типичните манекенки.
Сепак, таа никогаш не можела да претпостави дека желбата ќе и се исполни. Имено, 19 годишната Барби снимаше кампања за женските пижамите на познатиот моден бренд „Amerikan igl“ и оттогаш стана вистинска инспирација на многу полни жени и девојки од целиот свет. Таа почна да ги поместува востановените граници, да ги игнорира оние кои не ја сакаат и почна да го сака тоа што ја нарекуваат плус-сајз модел.
„Кога бев дете бев многу несигурна. Ме малтретираа поради изгледот и немав многу пријатели. Многу долго држев диети и ги мразев своите колкови. Но како растев запознав многу жени кои ме инспирираа да станам модел“, раскажува Барби во едно нејзино интервју.
„Постојано чувствував дека сите ќе ја забележат мојата различност бидејќи не сакаме да бидеме различни од останатиот свет“, вели таа. Сепак тоа не ја премисли да го прави она што сака. Работите кои ги чита на социјалните мрежи не ја засегаат многу, но додава и дека ја радува тоа што добива повеќе позитивни отколку негативни коментари.
Сепак, нејзината најголема мотивација е нејзината мајка: „Таа беше единствената личност која постојано ми зборуваше дека сум убава. Луѓето ми зборуваа сурови работи додека бев дете. Кога плачев, таа плачеше десет пати посилно од мене“, изјави оваа прекрасна девојка.