Реклама
Наши ѕвезди

Неговите години НИКОГАШ не ѝ пречеле на Евгенија – поранешната манекенка ужива во бракот со Вело

„Ако партнерите се почитуваат и сакаат меѓу себе ниту разликата во години, оддалеченоста, верата и сл. не се никаква пречка за нивната врска“, вели Евгенија

Реклама

Поранешната манекенка Евгенија Марковска веќе со години е во складен брак со професорот д-р. Вело Марковски.

Тие оваа година ќе прослават осум години брачен живот, а круна на нивната голема љубов се нивните две деца, син и ќерка.

И како што самата Евгенија има откриено во една пригода за Гламур магазин (повеќе за ова тука), нивната љубов започнала на Медицинскиот факултет, каде таа најпрво била негова студентка, па асистентка, а по извесно време нивната успешна соработка и колегијалност сосем случајно преминала во љубов.

Маркетинг

Но откако тие во јавноста ја открија нивната врска, заради големата разлика во годините, тие често се мета на критики.

Маркетинг
Инстаграм/ Евгенија Марковска

Сепак, овие мислења на поединци на Евгенија не и пречат премногу, па како што самата вели, за нив разликата во годините никогаш не била проблем или пречка за развојот на нивната врска, па и бракот.

„Нашето општество едноставно е такво и не може да се прифати доколку некој не се вклопува во поставените стандарди“, изјави тогаш Евгенија додавајќи дека негативни коментари имало отсекогаш и дека не очекува да престанат, но едноставно таа на тоа не му продава значење.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

„Има многу врски и бракови кај нас и во светот со голема разлика во години кои функционираат одлично. Така што ако партнерите се почитуваат и сакаат меѓу себе ниту разликата во години, оддалеченоста, верата и сл. не се никаква пречка за нивната врска/брак да напредува“, изјави тогаш Евгенија за Гламур.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Инаку, кога го правевме интервјуто со Евгенија, беше актуелен и скандалот на Онкологија, кога многу тешко болни пациенти остануваа без својата неопходна терапија, а вработени во болницата ја препродаваа за голема сума на пари. Па како дел од медицинската фела, но и како граѓанин на Македонија, тогаш ја прашавме Евгенија како ги коментира овие случувања.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

„Со неверување. Можно ли е како луѓе, еден поединец, или повеќе од нив да прават такви дела? Мислам дека се повеќе ги губиме вистинскиот морал и вистинските човечки вредности. Особено боли што ова се случувало (ако е се вистина) во врвна клиника во државава, и се уште не можам да поверувам дека некои медицински лица правеле такви работи. Сакам да верувам дека сето тоа не е вистина“.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

„Многу жално за луѓето кои се надевале дека добиваат нов, скап лек кој секако ќе им помогне. Најтешко им е сигурно на нивните најблиски, кои покрај загубата, сега се соочуваат со сознание или стравување дека можеби нивниот близок ќе се спасел ако го добивал вистинскиот лек, додаде тогаш г-ѓа Марковска.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Целото интервју со Евгенија прочитајте го тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button