Реклама
MAMAКафе муабет

Негативни ментални навики кои треба да ги избегнувате

Реклама

Најголем дел од нашите секојдневни постапки, се резултат на навиките. Но, покрај добрите, постојат и такви кои можат да бидат штетни за нашето здравје и секојдневното функционирање. Овде во продолжение ви прикажуваме неколку ментални навики кои треба да ги промените ако сакате да се чувствувате добро и да бидете ментално здрави.

1.

1.Контролирање на иднината

Сфатете дека не можете да ги контролирате повеќето настани кои може да се случат. Затоа, престанете да размислувате за нешто на што не можете да влијаете и фокусирајте се на сегашниот момент.

Маркетинг

2. Анализирање на грешките од минатото

Ова е типична навика за личностите кои се склони кон депресија. Анализирањето на грешките од минатото ќе ви ја намали самодовербата и ќе ви создаде негативно расположение. Подобро е да се потрудите да ги поправите работите во сегашноста, отколку да се враќате на минатото.

3. Самоанализирање

Ова е една од најштетните ментални навики кои може да ви создадат негативно расположение. Сосема бесмислено е да се анализирате себеси, додека пак корисно е да ги анализирате своите постапки и стратегии на однесување во конкретни ситуации.

Маркетинг

4. Споредување со другите

Споредувањето со другите честопати доведува до намалување на самодовербата, завист и незадоволство од себеси. Зошто не е паметно да се споредувате со другите? Затоа што луѓето се различни во секоја смисла, па таквите споредувања немаат цел.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button