Често пати ви се случува да заклучите дека дефинитивно нешто не е во ред со вашата коса, но не можете да дефинирате точно што …
Разгледајте ги следниве најчести грешки во негувањето на вашата коса и изборот на фризура, и обидете се да ја поправите ситуацијата.
Сам свој мајстор – за шишање!
Доколку некој прамен од косата ви штрчи, изгледа подолг, или несоодветен на било кој начин, одолејте на искушението да ги грабнете ножиците у сами да го исечете. Работата ќе се среди кога ќе ја измиете косата, или пак, доколку немате време, ставете гел или пена за коса за да го решите проблемот. Ако почнете сами да се шишате тешко дека ќе престанете, што неизбежно ќе доведе до катастрофа порано или подоцна.
Употреба на погрешни или несоодветни производи.
Многу лесно е да избереме погрешен производ од морето на најразлични производи на рафтовите во продавниците: за полесно расчешлување, за поголем сјај, за поголем волумен, против перут, за заштита на косата од топлина и т.н. Резултатот од употреба на погрешни производи е безживотна, мрсна коса или коса која едноставно не можеме да ја скротиме. Единствениот начин да се спасите од купувањето и пробувањето на секакви можни средства за коса (и воедно да заштедите пари) е да го прашате вашиот фризер за совет и препораки. Фризерите ќе ви кажат со кои точно средства можете да го постигнете резултатот кој го сакате според вашиот конкретен тип на коса.
Ставање прекумерни количини од производите.
Прекумерните количини од производите за коса можат да придонесат вашата коса да изгледа сува, безживотна, мрсна … токму спротивно од вашата примарна цел. Имајте во предвид дека повеќето производи се концентрирани и се користат во мали количини – ова се однесува и на шампоните! Полна рака шампон нема поубаво да ја измие вашата коса, туку ќе придонесе таа брзо да се измрси!
Посветување внимание само на предниот дел од косата.
Кога одите на фризер и кога дома сами ја уредувате вашата коса вие го гледате само предниот дел и посветувате најголемо внимание на него, игнорирајќи ги останатите делови. Но, не заборавајте дека светот околу вас ја гледа целата ваша коса, така што треба да обрнете внимание како изгледа таа и странично и од назад. Земете уште едно огледало пред да излезете и разгледајте ја убаво вашата коса, може многу непријатно да се изненадите!
Избор на непрактична фризура.
Многу е важно да имаме во предвид дека сами тешко можеме да си направиме фризура како на фризер. Со поедноставните може и да успееме до некаде, но што е со оние „посложените“? При изборот на фризура секогаш размислете убаво дали ќе можете сами да ја одржувате и правите да изгледа како што сте замислиле, и колку време би ви одземало тоа секојдневно. Добриот фризер може да ве ошиша како сакате, но треба да земете во предвид како потоа сами ќе ја правите фризурата или пак колку често ќе треба да го посетувате за тој да ви ја прави.
Погрешен избор на боја за коса.
Кога ќе решите да ја бојадисате косата или да правите прамени во разни нијанси земете во предвид дека иако има многу убави и интересни бои кои на пример одлично и прилегаат на некоја ѕвезда или пак на другарка ви, тие можеби нема убаво да ви прилегаат на вас. Консултирајте се со вашиот фризер и внимателно изберете нијанси кои ќе одговараат на вашиот тен.
Контраст помеѓу бојата на веѓите и бојата на косата.
До оваа грешка доаѓа прилично често при бојадисувањето на косата во светли нијанси кај девојките кои имаат истакнати темни веѓи. Бојата на веѓите треба да одговара на бојата на косата, а главното правило е дека веѓите треба да бидат за половина до цела нијанса посветли од најтемниот дел од вашата коса.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!
Врати се на првата страна.