Кога имате пари премногу, некои нешта преку ноќ ви стануваат достапни.
На пример луд возен парк од коли, во мали серии, на кои единствено нешто пострашно од нивните перформанси им се цените. Ние со гордост ви ги претставуваме истите:
NOBLE M14
Рачно изработено парче на британскиот престиж, со погон twin turbo V6 со 400 коњчиња, чини само 110 000 евра. Карбон, алуминиум и композитни материјали се подразбираат сами по себе, а за чудо – нема гаранција.
ASTON MARTIN DBR9
Тркачката кратенка на моделот DB9, спремена за приватни дечки, во GT првенство, чини само нешто помалку од 200 000 евра. Но као оваа серија беше лимитирана, а претставена пред некоја година, јасно ви е дека редот ви поминал.
LOTUS SPORTS EXIGE
Во автомобил тежок 850 килограми, има збрцано мотор од 400 КС, со што Exige службено стана најбрзиот кофчег на земјата. За овој уникат, некои шеик наводно се олеснил за округло 350 000 евра.
FORD GT LE MANS EDITION
Убавина во бои, во болидот од 1966, за кој за да го имате во сопственото дувло треба да издвоите 160 000 евра – и тоа доколку успеете да го убедите претходниот сопственик на само 20 комади во цел свет, да ви го продаде. А со автомобилот, сосема бесплатно добивате 550 КС и максимални 330 km/h.
BIZZARINI
Љубителите на традиционална моќ, ќе можат да се присетат као некогаш било важно да се вози Bizzarini, а компанијата тоа галантно ќе им го овозможи за 180 000 евра. Во таа цена влегува и V8 мотор од 550 КС.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.